Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД нема да расправа за ДАКА


Конгресот сега има време до следната недела да најде решение

Американскиот Конгрес се наоѓа под зголемен притисок да ги заштити младите недокументирани имигранти од депортирање и покрај наводното одложување за произнесување од Врховниот суд за случајот.

Највисоката судска инстанца синоќа одлучи да не ја разгледа жалбата од администрацијата на претседателот Трамп за понизок суд, со која се штитат таканаречените „Сонувачи“.

На средбата со гувернерите во Белата куќа, Трамп го критикуваше неразгледувањето на жалбата од Врховниот суд. „Најпрво, мојата одлука беше стопирана во 9-от Окружен суд, потоа Врховниот суд не ја разгледа нашата жалба. Жално е што случајот со ДАКА е заглавен во судските лавиринти“, изјави претседателот Трамп.

Одлуката на Врховниот суд да не ја разгледа жалбата на администрацијата на Трамп, барем, засега, го отстрани притисокот врз таканаречените „Сонувачи“ или деца кои како малолетни биле донесени илегално во САД од нивните родители со наближувањето на рокот до 5-ти март, но целосно не го отстрани ризикот да бидат депортирани од земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG