Судбината на илјадници млади илегални имигранти во САД е нејасна, откако синоќа истече рокот за усвојување на каква било мерка во Конгресот и во Белата куќа.
Погодените лица протестираа во Вашингтон против недостиг на напредок во ревидирање на одлуката на претседателот Трамп за ставање крај за заштита од депортирање согласно програмата ДАКА од ерата на неговиот претходник, претседателот Обама.
„Уморни сме од одложувања, од неизвесност. Се` уште се бориме за конечната одлука“, изјави Аида Капос, демонстрантка.
„Иако Конгресот нема да усвои брза мерка, ние сме овде за правда, за почитување на основните човекови права, дека сите сме еднакви независно од полот, бојата на кожата, од каде доаѓаме“, изјави Карлос Рејес, демонстрант.
Белата куќа го обвинува Конгресот дeка не реагира за прашањето со ДАКА.
Демократите го обвинуваат Трамп и републиканското лидерство за неуспех да усвојат било каков закон за имиграцијата во Сенатот и оти спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, не го става на гласање ова прашање, на дневниот ред.
Повеќе од 700.000 млади недокументирани млади се наоѓаат во опасност да бидат депортирани зашто Врховниот суд одби да ја разгледа жалбата во понизок суд која ја блокира Белата куќа да стави крај на програмата ДАКА.
Facebook Forum