Сенатот доцна синоќа речиси едногласно гласаше за да почне обемна дебата за имиграциските реформи.
Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, рече дека дебатата е предизвик за демократите.
„Сега е време да ја поддржиме дебатата со напорна работа за изнаоѓање на едно решение, што значи да се најде договор кој може да го помине Сенатот и Претставничкиот дом, а кој ќе го потпише претседателот“, истакна тој.
Чак Шумер, лидерот на демократско малцинство во Сенатот, пак, истакна дека ова не е време, ниту место за реформа на целиот систем на имиграција.
„Наместо тоа, ова е момент за тесен нацрт. И секој дел од нашата енергија се обидува да најде начин за ова да се реши“, рече Шумер.
Минатата година, претседателот Доналд Трамп ја прекина одложената акција на програмата ДАКА, која привремено ги заштити од депортација младите имигранти, дојдени во САД илегално, како деца, давајќи му рок на Конгресот до 5-ти март да донесе мерка за решавање на нивниот правен статус.
За да стане закон, тој треба да биде одобрен од обата дома на Конгресот, по што би се испратил на потпис кај претседателот Трамп и би станал закон.
Facebook Forum