Битката за иднината на Агенцијата за меѓународен развој на САД, или УСАИД, потсетува на слична дебата во Британија.
Во 2020 година, тогашниот премиер Борис Џонсон го спои Одделот за меѓународен развој или „ДФИД“ со Министерството за надворешни работи.
„Ова ќе ја обедини нашата помош со дипломатијата и ќе ја претопи во нашите меѓународни напори… Секретарот за надворешни работи ќе има овластување да одлучи која земја ќе ја прима или ќе престане да добива британска помош додека ќе испорача единствена стратегија на Обединетото Кралство кон секоја земја“, рече Џонсон.
Одлуката на Џонсон се надоврза на скептицизмот на неговата Конзервативна партија околу трошењето на помошта, вели аналитичарот Тим Дурант од Институтот за влада.
„Не е секогаш усогласен со она што тој мислеше дека треба да бидат приоритетите на Обединетото Кралство за надворешна политика. Мислам дека дефинитивно имаше чувство меѓу оние од десницата на британската политика дека Одделот за странска помош е малку прегломазен или има потреба од подобар надзор“, посочува Дурант.
Но, овој потег го шокираше секторот за помош, вели аналитичарот Марк Милер од ODI Global.
„Имавте виши менаџери кои во голема мера беа фокусирани на поддршка за националниот интерес на Британија - како ѝ да го толкувате тоа - наместо претходно, многу јасен мандат каде што помошта требаше да даде приоритет кон намалување на сиромаштијата“, вели Милер.
Во 2020 година, трошоците за помош на Велика Британија, исто така, беа намалени од 0,7% од Бруто националниот приход, највисок во групата развиени земји Г7, на 0,5%.
Трошењето беше пренасочено.
Речиси една третина од буџетот за помош на Британија - околу 5,2 милијарди долари - беше потрошен за поддршка на бегалците внатре во земјата во 2023 година.
Трошењето за помошта, исто така, ги одразуваше геополитичките приоритети на Британија, вели Милер.
„Се посветуваше поголемо внимание на обидот да се надмине конкуренцијата, да речеме Кина или Русија, особено во Азија-Пацификот. Имаше обид се да ги зголемат инвестициите во овие региони, додека историски, помошта беше многу повеќе фокусирана на Африка“, посочува Милер.
Формирањето на британската Канцеларија за надворешни работи за Комонвелтот и развојот, или ФЦДО, нуди лекции за Вашингтон додека ја разгледува иднината на УСАИД, вели Дурант.
„Во примерот на Велика Британија, имаше еден вид удар врз репутацијата. Канцеларијата за меѓународна помош имаше многу силен бренд, како и УСАИД. Тоа има влијание врз моралот и продуктивноста. Ова особено ќе биде случај во САД, но сега постои чувство дека ФЦДО е единствениот глас и дека има луѓе кои имаат искуство во развојот и во дипломатијата кои ја претставуваат Британија во земјите, каде што Лондон троши пари за развој“, додава Дурант.
Дурент додаде дека силен надзор на трошењето е од витално значење за задржување на јавната поддршка за странската помош.
Facebook Forum