Линкови за пристапност

Британска анализа: Многу западни земји сè уште се потпираат на руското нуклеарно гориво


Британска анализа: Многу западни земји сè уште се потпираат на руското нуклеарно гориво
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

Анализата на британска организација покажа дека многу западни земји сè уште се потпираат на руското нуклеарно гориво за напојување на нивните реактори, и покрај напорите да се прекинат економските врски со Кремљ по инвазијата на Украина во 2022 година. Хенри Риџвел известува од Лондон.

Франција има 56 нуклеарни реактори, кои произведуваат околу две третини од електричната енергија во државата.

Таа е една од најголемите руски клиенти за да ги напојува тие реактори, покажува извештајот на најголемата британска организација за истражувања во одбраната, безбедноста и меѓународните прашања – РУСИ. Оттаму наведуваат дека и покрај мерките за прекин на економските врски со Русија, неколку западни земји сè уште се потпираат на нуклеарното гориво на државата за напојување на нивните реактори.

„Увозот во Франција од Русија на збогатен ураниум значително се зголеми од почетокот на 2022 година. Така имаше зголемување од околу 184%“, вели Дарја Должикова од „Royal United Services Institute“ (РУСИ).

Француското претпријатие ЕДФ планира заедничко вложување со руската државна компанија Росатом за обработка на ураниум на локација во Германија.

Но, Франција не е сама. Извештајот на Институтот детално го прикажува извозот на руски ураниум во САД, Германија и Холандија.

„Русија сè уште е најголемиот извозник на збогатен ураниум и услуги за збогатување на глобално ниво. На глобално ниво тие претставуваат околу 44% од вкупниот капацитет на услугите за збогатување“, додава Должикова.

Глобалниот ентузијазам за нуклеарна енергија падна по распаѓањето на реакторот Фукушима во Јапонија во 2011 година.

Но, додека државите се обидуваат да ги намалат емисиите на јаглерод, многумина повторно размислуваат. На состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија во Брисел, неколку лидери повикаа на реинвестирање во нуклеарната енергија.

„Да се прилагодат синџирите на снабдување што е можно побрзо - и да се исклучат од руско снабдување. Но, ние треба да ги балансираме работите. Ако сакате да го намалите производството на јаглерод диоксид, треба да се погрижиме нашите нуклеарни централи да продолжат со работа“, смета премиерот на Белгија, Александар Де Кро.

Русија лани продала збогатен ураниум во вредност од 2,7 милијарди долари на глобално ниво, проценува РУСИ.

Во извештајот се наведува дека извозот во Кина е зголемен, што ги зголемува сомнежите дека Пекинг би можел да увезува руски збогатен ураниум за да олесни поголем извоз на кинеско снабдување со збогатен ураниум.

„Санкциите или какви било ограничувања треба да бидат мултилатерални. Во спротивно, поради сложеноста на синџирите за снабдување со збогатен ураниум и синџирите за снабдување со гориво, Русија ќе ја најде најслабата алка во ограничувањата во обид да продолжи да пристапува до западните пазари“, додава Должикова.

Западните земји се обидуваат самоодржливо да ги зајакнат своите нуклерни енергии. Франција, според извештаите на нуклеарната индустрија, го зајакнува капацитетот за збогатување ураниум на оваа локација во Трикастин за повеќе од 30%.

Американската фирма Вестингхаус и украинската фирма Енергоатом почнаа да произведуваат нуклеарно гориво што може да ги снабдува поранешните советски реактори во Источна Европа, од локација во Шведска.

Должикова од РУСИ вели дека на Западот ќе му бидат потребни најмалку две години да ја прекине зависноста од руското нуклеарно гориво.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG