Линкови за пристапност

Брачен пар отворил кафуле на дваестина километри од фронтот во Донбас


Брачен пар отворил кафуле на дваестина километри од фронтот во Донбас
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Семејството Воронков живее во Донбас, на околу 20 километри од линијата на фронтот. Во мај 2023 година, руски проектил го уништил нивниот дом, речиси убивајќи го нивниот син тинејџер. Но, и покрај сето тоа, започнале бизнис и отвориле кафуле. Известува Ана Костутченко.

Мај 2023 година беше пресвртница за 39-годишната Олена Воронкова. Руска ракета ја погодила нејзината семејна куќа во Донбас; нејзиниот 14-годишен син се криел во подрумот кога тоа се случило.
„Мојот сопруг и јас бевме на работа... Но, нашиот син беше дома... Куќата беше во пламен поради експлозијата. Нашиот син истрчал во подрумот, а војниците на украинските вооружени сили го извлекле низ прозорецот подоцна. Носеше пижами и влечки – тоа беа единствените работи што останаа недопрени од нашиот дом“, раскажува Воронкова.


Семејната куќа целосно изгорела. Тие нашле привремено засолниште кај своите пријатели, а по некое време сопругот на Олена, им предложил да ја искористат заштедата за да започнат бизнис. Со години сонувале да отворат кафуле и наспроти сите шанси, конечно тоа го направиле.

„Имав многу сомнежи и се исплашив. И, тогаш помислив – што ако треба да побегнеме еден ден? Но, мојот сопруг ме поддржа и ми рече: „Засега, ќе останеме, па ајде да го направиме тоа!“, додава Воронкова.

Роман Воронков не е нов во светот на бизнисот – во последните пет години тој поседувал мал фризерски салон.

„Го отворив во 2018 година, со заработените пари од салонот го отворивме кафулето. Мојата сопруга сега работи таму 24/7, а за неколку месеци ќе знаеме дали навистина тоа функционира или не“, вели Воронков.

Во кафулето, на клиентите им се нуди кафе и разновидни десерти. Тие велат дека руски ракети сè уште го гранатираат градот и дека се загрижени дека може да изгубат сè што имаат, но засега се решени да останат таму.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG