Линкови за пристапност

Безбедноста во Индо-пацифичкиот регион тема и за изборите во САД


Безбедноста во Индо-пацифичкиот регион тема и за изборите во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела ги пречека премиерот на Јапонија и претседателот на Филипините во Белата куќа. Керолин Пресути за Гласот на Америка ги споредува безбедносните политики на Бајден со оние на неговиот претседателски противник во 2024 година, Доналд Трамп.

Престижна државна вечера за јапонскиот премиер Фумио Кишида, организирана од американскиот претседател Џо Бајден. Претходно во текот на денот билатерален разговор со Кишида.

„Повторно стоиме рамо до рамо со нашите сојузници, бидејќи нашите алијанси се најголемото богатство на Америка“, рече Бајден.

Претседателот го претвори билатералното партнерство во трилатерален сојуз следниот ден, со Кишида и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор.
Фокусот на неделата беше на безбедноста над Јужно Кинеско Море, каде има многу тензии, со најава за заедничка воздушна одбранбена мрежа. Алијансата ќе послужи како противтежа на Кина, но претседателот не сакаше да го изрази тоа отворено.

„Работите за кои разговаравме денеска ја подобруваат нашата соработка и се чисто за одбрана и подготвеност. Тоа не е насочено кон ниедна нација или закана за регионот, и нема никаква врска со конфликт.“, истакна Бајден.

Трилатералниот самит на Бајден е одраз на напорите за работење со мрежа на сојузи со истомисленици.

Ова е спротивно на политиката на неговиот претходник, претседателот Доналд Трамп, кој ја прогласи стратегијата „Америка на прво место“ и ги крена личните односи со странските лидери над сојузите.

Ова беше тогашниот претседател Доналд Трамп во 2017 година, кој го пречека јапонскиот премиер Шинзо Абе во Белата куќа.

„Ќе имаме одлични односи, долгорочна врска од взаемна корист со Јапонија“, изјави Трамп.

Од тие блиски асоцијации, претседателот Трамп ја извлече идејата за дипломатски самит познат како Quad, или четворка. Клео Паскал од Фондацијата за одбрана на демократии вели дека САД се оддалечуваат од тоа.

„Ако го гледате Индо-Пацификот, администрацијата на Бајден, би рекол дека е многу повеќе фокусирана на делот на Тихиот Океан и помалку на индискиот дел, на делот на Индискиот Океан и особено на партнерството со Индија“, смета Клео Паскал од Фоднацијата за одбрана на демократиите.

И Бајден и Трамп употребија остра реторика кон Кина: Бајден еднаш го нарече кинескиот претседател Ши Џинпинг „диктатор“, додека кампањата на Трамп „Америка на прво место“ често цели на Кина поради трговијата.

„Ако слушате, претседателе Ши, ние сме пријатели, но го разбирате начинот на кој постапувам: оние монструозни погони за производство на автомобили што ги градите во Мексико во моментов, мислите дека ќе го постигнете тоа. Нема да ангажирате Американци, а ќе ни ги продавате автомобилите“, рече Трамп.

Паскал вели дека тоа би се прелеало и во вториот мандат на Трамп.

„Мислам дека ќе видите многу фокусирана одбрана на интересите на САД, но и обид да се истурка Кина од зоните во кои Кина се прошири изминатите неколку години“, вели Паскал.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG