Линкови за пристапност

Анализа: Опасност од глобални злоупотреби со вештачката интелигенција во изборни кампањи 


Анализа: Опасност од глобални злоупотреби со вештачката интелигенција во изборни кампањи 
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:40 0:00

Се проценува дека четири милијарди луѓе ширум светот имаат или треба да гласаат на националните избори до 2024 година. Иако кандидатите и предизвиците се разликуваат во секоја земја, една голема грижа ги обединува набљудувачите на гласањето. Валдја Барапутри со детали.

Пред изборите во Индонезија на 14-ти февруари, гласачите беа преплавени со лажни видео и аудио пораки - или фалсификати - на политичари ... како ова видео на покојниот индонезиски претседател Сухарто, распространето преку социјалните мрежи.

Проверувачите на факти како Санти Индра Астути од Индонезиската заедница за борба против клеветата – или, Мафиндо - велат дека употребата на генеративна вештачка интелигенција е она што ги издвојува кампањите за дезинформација во 2024 година.

„За време на изборите во 2014 година, повеќето измами беа искористени за дискредитација на конкурентите. Во 2019 година, измамите почнаа да ги дискредитираат организаторите на изборите. Додека во 2024 година имаме уште побизарна ескалација, за дискредитација на целиот демократски процес“, вели Астути.

На својата веб-страница Turn Back Hoax, Мафиндо откри лажен телефонски разговор во кој шефот на Индонезиската Демократска партија Мегавати Сукарнопутри остро го прекорува претседателскиот кандидат Ганјар Праново.

Други видеа ги прикажуваат кандидатите за претседател Аниес Басведан и Прабово Субианто како течно зборуваат арапски, што никој од нив двајца, не го прави тоа во реалноста, за да ги придобијат муслиманските гласачи во нацијата.

САД штотуку ги започнаа примарните избори, пред општите избори во ноември, а вештачката интелигенција веќе претставува предизвик.

Во еден лажен повик, претседателот Џо Бајден се чини дека ги охрабрува демократите да останат дома и да не гласаат.

„Медиумите генерирани од вештачка интелигенција, од роботски повици до лажни аудио, до реклами за кампања, се прикажуваат на речиси сите избори и на крајот на 2023 година и сега во 2024 година, така што мислам дека ова станува нова норма за нашиот политички и изборен пејзаж“, вели Линдзи Горман од Гемранскиот маршалов фонд.

Повеќето гласачи кои разговараа за Гласот на Америка велат дека не се уверени дека можат да ги разликуваат фејкови и вистинската содржина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG