Линкови за пристапност

Александра Карпи од „Фридом Хаус“: Во Северна Македонија преовладува чувството дека институциите не им служат на сите граѓани


Александра Карпи која е една од авторите на најновиот извештај „Нации во транзит“ на Фридом Хаус, за Гласот на Америка вели дека промената на Кривичниот закон негативно влијаела врз средината кога се работи за корупција и тоа покажува колку исполитизирано станало судството во Северна Македонија.

Во интервју за Гласот на Америка, Александра Карпи која е една од двајцата изработувачи на најновиот извештај „Нации во транзит“ на Фридом Хаус, вели дека промената на Кривичниот закон негативно влијаеше врз средината кога се работи за корупција и тоа покажува колку исполитизирано станало судството во Северна Македонија.

„Северна Македонија имаше тешка година. Во две области има опаѓање, што значи дека после Србија таму има најголемо опаѓање во регионот. Обележје на годината е политичка поларизација и несогласување во владејачката коалиција, како и со опозицијата. ВМРО, главната опозициска партија, продолжи со опструкција. Имаше многу политичка динамика особено на крајот на годината, заради изборите што доаѓаат годинава. Резултатот беше промена на Кривичниот закон во последен момент и многу нетранспарентно изведено на почетокот на есента, што ги направи казните, мерките изречени за осудените заради криминално постапување, но и за злоупотреба на службената функција, да бидат намалени. Ова имаше негативно влијание врз средината кога се работи за корупција. Тоа исто така покажа колку исполитизирано станало судството. Имаше и серија скандали во правосудството годинава, како на пример со Републичкиот судски совет и неговото раководство. Сето ова зборува за неуспешно судство и анти-корупциски тела кои треба да им служат на граѓаните. Мислам дека во Северна Македонија преовладува чувството дека овие институции не им служат на сите граѓани, туку само на некои. Како што се движиме кон овие избори мислам дека ќе биде интересно да се види како тоа ќе се одрази. Сега опозицијата покажува мала предност, според бројките што ги видов. Значи, ќе видиме како ова ќе влијае на демократијата во Северна Македонија. По оваа тешка година ќе биде потребно многу работа на институционално ниво да се извлече државата од ова опаѓање“, изјави Александра Карпи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG