Додека Палестинците се борат да ги обноват своите животи во услови на кревкиот прекин на огнот во Газа, претседателот Доналд Трамп му даде ултиматум на Хамас, терористичка групата назначена од САД: веднаш ослободете ги сите израелски заложници или ќе има, цитираме, „пекол за вас“.
Го прашаа што сака да каже со тоа.
„Ќе дознаете. Имав чест вчера да поминам многу време со неколку луѓе што ги извлековме, и не ми се верува колку лошо се однесувале со нив“, рече Трамп.
Трамп го издаде предупредувањето по средбата со заложниците ослободени од Хамас.
Неговата администрација испрати оружје во вредност од 4 милијарди долари на Израел, втор пат за еден месец, при што го искористи своето право за итни случаи за да го заобиколи одобрението на Конгресот за продажба на оружје.
Портпаролот на Хамас рече дека најдобриот пат за ослободување на заложниците е преку преговори за прекин на огнот. Вашингтон има долгогодишна политика да не преговара со терористи.
Но, Трамп потврди дека неговата администрација започнала директни разговори со терористичката група назначена од САД за ослободување на заложниците.
„Му помагаме на Израел во тие дискусии, бидејќи зборуваме за израелски заложници. Не правиме ништо со Хамас. Не им даваме пари“, рече Трамп.
Разговорите изгледаат одвоени од преговорите меѓу Хамас и Израел за обезбедување на втората фаза од прекинот на огнот во Газа.
Првата фаза заврши минатиот викенд.
„Повеќето луѓе очекуваат дека прекинот на огнот ќе пропадне затоа што очекуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху повторно ќе почне да ја гаѓа Газа. И штом тоа се случи, нема да има повеќе ослободувања на заложници“, вели Мирет Маброук од Институтот за блискиот исток.
Во меѓувреме, арапските нации го поддржаа контра-предлогот на повикот на Трамп за преселување на Палестинците и претворање на Газа во дестинација за плажа и летно одморалиште.
Според арапскиот план, Палестинците ќе останат таму, а Хамас ќе биде исклучен од управувањето.
Израел го отфрли планот.
Планот на арапските нации е, цитараме, „прв чекор со добра волја“, изјави специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток Стив Виткоф за Гласот на Америка.
Планот не би се обврзал да ги остави Палестинците во Газа.
„Ние сме во фаза на преразгледување. Малку е рано да се коментира“, рече Виткоф.
Израел, исто така, ја блокираше сета помош за Газа, повторувајќи ги долгогодишните обвиненија дека таа се пренасочува кон Хамас, што меѓународните агенции го негираат.
Сега има недостиг на бензин на територијата, што дополнително ги загрозува основните комунални услуги како што е отстранувањето на ѓубрето.
Facebook Forum