Линкови за пристапност

Од средината на април, сите цени од маркетите треба задолжително да одат и на интернет


Од средината на април, сите цени од маркетите треба задолжително да одат и на интернет
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:20 0:00

Од средината на април, сите цени од маркетите треба задолжително одат и на интернет. За непочитување на одлуката казните се од 500 до 10 илјади евра и затворање во траење од 15 дена. Одлуката не се однесува на малите, т.н. маалски продавници, соопшти министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Измените на Законот за заштита на потрошувачите кои во вторникот беа изгласани во Собранието треба да се објават во Службен весник и потоа почнува да тече законскиот рок од 45 дена до имплементација. Правилниците за начинот како ќе се објавуваат цените ќе бидат објавени и доставени до трговците за десетина дена.

Мерките за ограничена маржа и највисока цена остануваат на сила до крајот на април. Дали и колку поевтиниле производите проверува пазарната инспекција.

„ДПИ е на терен и постапуваат. До крајот на оваа недела е предвиден надзор на над илјада трговски објекти во државата и ДПИ ќе излезе со податоци за евентуално непочитување на мерките. Ако постојат маркети кои не ја почитуваат одлуката на Владата казните се од 500 до 10 илјади евра и затварање во траење од 15 дена“, соопшти министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG