Линкови за пристапност

Индекс на перцепција на корупција, Северна Макеоднија со пад од 12 места


Индекс на перцепција на корупција, Северна Макеоднија со пад од 12 места
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:55 0:00

Македонија назадува со корупцијата - Како да се подобри ситуацијата во делот на корупцијата – на ова прашање одговорот од „Транспарентност“ е да има казнивост во општеството за оние кои ќе ги прекршат законите. Повеќе детали од Владимир Мирчески од Скопје.

Северна Македонија забележа пад на листата на Индексот за перцепција на корупција за минатата 2024 година.

Земјата, според ова истражување на Транспаренси Интернешнл, сега се наоѓа на 88 место што претставува назадување за 12 позиции во однос на 2023-та што се должи на загубата на два поена. Северна Македонија сега има 40 бодови на скалата на која 100 е најмалку, а нула е најмногу корумпирана држава.

Неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции, индициите за политичко влијание во судството, лошата контрола која Судскиот совет ја врши врз судиите и 40 препораки на оценската мисија на Европската Унија, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата на судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од случувањата кои го тресеа судството.

Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешенал вели -

„И оваа година индексот покажува дека Македонија е под минимумот од 50 поени која е долната граница за некоја земја да се каже дека има задоволителни активности насочени кон справување со корупција. 24.44 Овие негативни резултати се последица на големиот број скандали во минатата година, особено во делот на Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители. Неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции, индициите за политичко влијание во судството, лошата контрола која Судскиот совет ја врши врз судиите и 40 препораки на оценската мисија на Европската Унија, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата на судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од случувањата кои го тресеа судството.“, изјави Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интершенал.

На глобалната листа на индексот најмалку корумпирани се Данска, Финска, Сингапур, Нов Зеланд, Луксембург. Најкорумпирани се Сомалија и Јужен Судан. Северна Македонија е во друштво со Виетнам, Суринам, Казахстан.

„Ако направиме проценка на нивото на корупција во регионот, ако ги споредиме државите, ќе видиме дека само 3 држави имаа скок – тоа се Словенија, Косово и Албанија, додека Македонија со сите други држави имаат пад во нивните поени и рангирањето во однос на 2023 година. Ќе излезе дека сме на долниот дел од табелата.“, изјави Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интершенал.

„Од сите години – осум за кои се врши оваа споредбена анализа, во 2023 година сме имале најмногу поени, па и најдобро сме биле рангирани.“, изјави Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интершенал.

Премиерот Мицкоски, чија влада стапи на должност на средината на 2024, вели дека не е изненаден од реузлтатот на Индексот за перцепција за корупција, кој за земјава се базирал на седум извори, и вината ја префрли на неговите претходници.

Логичен е тој извештај и добро е што е пад од само два поена по сите оние злоупотреби беа во периодот на минатата влада. Ќе ги задолжам ресорните министерства да ги подобрат забележаните недостатоци.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Опозицијата пак смета дека резултатите се само доказ за неспособноста на оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа Влада ветуваше `беспоштедна борба против корупцијата`, но за само осум месеци успеа да ја доведе Македонија до најслабата позиција на скалата во последните пет години.

Со падот на два поени и рангирањето на 88 место, граѓаните јасно покажуваат дека немаат доверба во нивните политики и дека корупцијата е полоша од било кога“, велат социјалдемократите.

Како да се подобри ситуацијата во делот на корупцијата – на ова прашање одговорот од „Транспарентност“ е да има казнивост во општеството за оние кои ќе ги прекршат законите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG