Од заштита на шумите на Амазон ... до грижа за бегалците од Мјанмар ... и сместување на Украинците кои бегаат од војната против Русија ... отсуството на американска помош - се чувствува низ целиот свет. Во Вашингтон, демократските законодавци протестираа пред сега затвореното седиште на водечката американска агенција за помош.
„Ќе се бориме против нивните прекршувања на власта. Ќе се бориме против прекршувањата на Уставот на САД. Нема да замолчиме. Ќе зборуваме, гласно“, рече на протест сенаторот од редовите на демократите, Кори Букер.
Претходно, Американската агенција за меѓународен развој, или УСАИД, беше префрлена под контрола на државниот секретар Марко Рубио и речиси сите нејзини вработени беа пратени на одмор, по извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за замрзнување на странската помош на САД во очекување на ревизија.
„Го гледаме најмоќниот човек на светот, Доналд Трамп, и најбогатиот на светот, Илон Маск, кои сега им ги земаат парите и храна од најсиромашните жени и мажи на Земјата“, рече на протест демократскиот конгресмен, Џонатан Џексон.
Конгресните републиканци велат дека Трамп користи широки претседателски овластувања за да ги преиспита владините агенции.
Трамп го постигнува ова преку Илон Маск, мултимилијардер кого го постави на чело на Одделот за владина ефикасност или Доуџ, чија цел е да ги намали федералните трошоци.
„Мислам дека не ја затвораат Агенција, но имаат право да го разгледаат финансирањето и како се носат тие одлуки и кои приоритети се финансираат. Тоа веројатно важи за секоја администрација. Кога ќе влезат, има многу програми овластени и финансирани преку таа агенција, за кои мислам дека функционираат на начинот на кој беа наменети. Некои, не“, вели републиканецот Џон Тун, лидер на мнозинството во Конгресот.
Еден аналитичар изјави за Гласот на Америка дека ситуацијата е без преседан во САД.
„Ова е вистинско прекршување на поделбата на овластувањата за извршната гранка на власта да се обиде целосно да ги затвори агенциите што Конгресот ги основал и за кои Конгресот доделува и крати средства, дури и ако извршната гранка има прилично голема дискреција во однос на тоа како да ги операционализира тие средства и како Агенцијата ќе функционира“, смета Клер Финкелштајн од Универзитетот на Пенсилванија.
Лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер изјави дека ги поддржува напорите за елиминирање на измамите и злоупотребите, но ја критикуваше брзината и тајноста на процесот.
„Што ѝ да прави Доуџ, тоа не е демократија. Знаеме каква е демократијата, а тоа е се да биде јавно“, рече Шумер.
Демократите најавија дека нема да гласаат за кандидатите за Кабинетот на Трамп и ќе ги искористат нивните гласови за притисок врз новиот предлог-закон за владини трошоци, во знак на протест против промените во УСАИД.
Facebook Forum