„Не може во сред игра да им ги менуваш правилата за игра. Кога владее правото ти знаеш што те очекува. Дека оваа година на толку остварен профит толку данок ќе платам“, изјави претседателот на Уставен Суд, Дарко Костадиновски, образложувајќи ја одлуката со која се поништи Законот за солидарен данок.
Од денес државата е должна нови 50 милиони евра кои вкупно 156 компании ги уплатија во Буџетот на име на Законот за солидарен данок.Секоја од сто и педесет и шесте компании кои уплатија средства на име на солидарниот данок поединечно имаат рок од пет години да ги побараат средствата назад.Пред компаниите од кои беа наплатени средства за овој данок е отворена можноста да бараат и камата за тие пари бидејќи речиси една и пол година, спротивно на Уставот, не можеле да располагаат со нив.
Facebook Forum