Линкови за пристапност

Граѓаните ја препознаваат корупцијата, но не му веруваат на системот


Граѓаните ја препознаваат корупцијата, но не му веруваат на системот
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:11 0:00

Со високи казни за коруптивни дејствија ќе се отвори простор за искоренување на ова општествено зло, велат аналитичари.

Недовербата во институциите е системски проблем, и неефикасноста на борбата против корупцијата довела до своевидна апатија кај граѓаните, вели Снежана Камиловска-Трповска, раководителка на проектот „Граѓаните против корупцијата“ кој го спорведува Македонскиот центар за меѓународна соработка, во разговор за Гласот на Америка по последните дезигнации на македонски граѓани на листата на Стејт Департментот на САД за лица инволвирани во коруптивни дејствија.

„Граѓаните ја препознаваат корупцијата, знаат што е корупција, но на крајот на денот не му веруваат на системот дека што и да направат тие ќе се произлезе со некаков позитивен ефект“, вели Снежана Камиловска-Трповска, Македонски центар за меѓународна соработка.

Според извештаите за проценка на корупцијата кои ги подготвиле за 2023 година, Камиловска-Трповска вели дека речиси 400.000 граѓани на Северна Македонија биле вклучени во некаков вид на корупција.

„Самата таа бројка е фрапантна и влијае негативно на целокупните состојби. Нажалост немаме некое позитивно поместување за тоа што граѓаните перципираат дека се најкорумпирани професии“, додава таа.

Тука ги вбројува правосудните органи, високите функционери, претставниците на извршната власт, пратеници, градоначалници.

„...Оние лица кои што секојдневно можеме да ги видиме во медиумите дека се вклучени во некаков скандал односно сомнежи за корупција“, децидна е Камиловска-Трповска.

Миша Поповиќ од Институтот за демократија Социетас цивилис од Скопје запрашан за статистиките за казнување во Северна Македонија заради корупција вели дека податоците се поразителни. Но, додава, тоа не е најголемиот проблем.

„Иако знаеме дека секојдневно се случуваат коруптивни трансакции, што покажува дека системот не е способен здраво да го детектира проблемот ако зборуваме за некоја ниска корупција, примање и давање поткуп или висока корупција, трговија со влијание или злоупотреба на службената должност. Меѓутоа не е само бројот на обвиненија и осуди годишно проблемот, туку и релативно ниските казни кои што се даваат на оние кои што на крајот се осудени“, изјави Миша Поповиќ од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.

Поповиќ смета дека македонското Собрание треба да ги зголеми казните за корупција за да биде јасно дека корупцијата е една од посериозните кривични дела во казнениот систем на државата.

„Тоа е првиот чекор. Врз основа на тој чекор кога цената ако сте осудени биде висока, вториот чекор е понесување одговорност кај органите на прогон односно целата таа линија од Министерството за внатрешни работи, па понатаму онаму каде што сега сите очи се свртени - а тоа е правосудството, Јавното обвинителство и судството - кои што навистина треба сериозно да работат на борбата против корупција и да им се остави простор на оние јавни обвинители кои што навистина и искрено сакаат да учествуваат во оваа борба, во борбата против корупција“, вели Поповиќ.

Експертите признаваат дека корупцијата е длабоко вкоренета во македонското општество заради што ќе се потребни големи системски промени за да се помести оската во таа борба, но посочуваат дека е време да се почне.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG