Линкови за пристапност

Гаџевска-Садек пренесува: Што велат медиумите во Египет за падот на Асад?


Гаџевска-Садек пренесува: Што велат медиумите во Египет за падот на Асад?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Каква ќе биде иднината на Сирија. Дали Москва и Техеран ќе го признаат поразот во Сирија, дали Трамп и САД, ќе имаат улога во градењето на нова Сирија, се дел од прашањата што се објавуваат во медиумите во Египет

Настани од сеизмички размери, повторно го разнишаа Блискиот Исток. Вака долгогодишната новинарка од Каиро, која живее и работи во главниот град на Египет, Офелиа Гаџевска Садек, ги опишува случувањата во Сирија, и бегството на сирискиот претседател, Башар ал Асад во Русија. Вели тоа беше обид за конечно рушење на диктаторскиот режим на династијата Асад, која со Сирија, владеела повеќе од 70 години.

„Каква ќе биде иднината на Сирија. Дали Москва и Техеран ќе го признаат поразот во Сирија, дали Трамп и САД, ќе имаат улога во градењето на нова Сирија, иако првично Доналд Трамп се дистанцира од било каква акција. Ако ги анализираме претходните прашања, јасно е дека Вашингтон и Ерусалим ќе мора да излезат со практична, конструктивна и добро смислена акција“, пренесува Гаџевска-Садек.

Гаџевска вели дека случувањата во Сирија се голем удар за Путин и официјална Москва, чии што односи во последните 50 години биле силни и стабилни. Русија, со сега поранешниот сириски претседател, во 2017 година, потпишалa договор на 40 години за проширување на нејзината воздушната и поморска база во Тарсус, на Медитеранското море, каде до неодамна биле присутни стотици руски бродови.

„Да се изгуби Сирија е катастрофална загуба за Русија и Путин и неговата желба за голема руска моќ на повеќе континенти. Оваа кардинална грешка и загуба на Русија е порака на слабост не само на Русија, туку и на Путин, чиј што имиџ на глобален лидер е разнишана посебно во очите на афричките лидери“, пренесува Гаџевска-Садек.

Овој колапс на Хезболах, Хамас и Сирија е децениска шанса и предизвик не само за Сирија, туку и за регионот, вели Гаџевска.

„Авторитативниот режим на Башар ал Асад, беше клучен дел од влијанието на Иран и дестабилизацијата на регионалната иранска политика. Исто така улогата на Иран преку Хезболах во последната година и нанесоа кастрофални порази во Газа, Бејрут и Дамаск“, пренесува Гаџевска-Садек.

Гаџевска пренесува дека, Русија, Иран и Хезболах ја подржувале Владата на Башар ал Асад, додека сириските бунтовнички групи биле помагани политички, логистички и воено од САД, Турција, Катар, Саудиска Арабија, Израел и Холандија. Вели дека според тамошните аналитичари во игра се три сценарија за иднината на нова Сирија, но оти највозможно решение е следното.

„Со мирно обединување на сите етнички и религиозни групи во Сирија, а ги има повеќе. Сите тие заедно би спровеле политички и економски реформи, изградба на разрушената земја и враќање на милионските бегалци. Западните сили би требало да ја подржат оваа утпистичка опција“, пренесува Гаџевска-Садек.

Гаџевска додава дека состојбата на Блискиот Исток, сега со случувањата во Сирија, станува уште посложена и оти на новата американска администрација предводена од Трамп ќе и треба време да го реши прашањето со Блискиот Исток.

Во меѓувреме невладината организација Легис од Скопје, покрај бројните донации за храна и питка вода, за населкението во Газа, неодамна испрати еден камион со 77 пакети со основни хигиенски средства за едно семејство.Набавени и спакувани се во Јордан, од каде камионот во конвој со други камиони, се упатилe кон Израел. Од таму, со претходен договор и согласност, биле пропуштени во централното подрачје на Газа, објаснуваат од Легис.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG