Линкови за пристапност

Калифорнија подготвува одбрана од политиките на администрацијата на Трамп


Калифорнија подготвува одбрана од политиките на администрацијата на Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:22 0:00

Калифорнија ги презеде почетните чекори во заштитата на прогресивните политики на државата од очекуваните федерални предизвици од администрацијата на Трамп. Известува Мет Дибл од главниот град на Калифорнија, Сакраменто.

Пратениците од Калифорнија одржаа итна седница во главниот град во Сакраменто за заштита на државните политики од очекуваните предизвици на администрацијата на Трамп. Претседателот на собранието Роберт Ривас рече дека телото мора да се подготви за правни битки со федералната влада.

„Доколку ЛГБТК луѓето бидат нападнати, ако вредните имигранти се на мета, ако е загрозена репродуктивната слобода на жените, ние ќе возвратиме со се што имаме“, истакна Ривас.

За време на првото претседателство на Трамп, Калифорнија ја тужеше администрацијата повеќе од 120 пати, успешно бранејќи ги државните политики за имиграција, стандардите за емисија на возила и пристапот до здравствена заштита.

За време на кампањата, Трамп повторно вети дека ќе ја отповика способноста на Калифорнија да го регулира загадувањето на возилата и да ги депортира сите неавторизирани имигранти. Тој, исто така, се закани дека ќе ги блокира средствата за помош при катастрофи доколку државата се спротивстави на неговите политики.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, на седницата побара од Законодавниот дом дополнителни 25 милиони долари за државниот фонд за правна одбрана.

„Навистина е важно да направиме сè што можеме за да се подготвиме, да одговориме на она што ќе биде огромна битка. Во исто време, треба да ја балансираме потребата за некои од овие правни битки со приоритетите кои се неопходни за да се осигураме дека ги поддржуваме секојдневните потреби на нашите заедници, станбеното прашање, бездомниците...“, истакна Шаде Елхавари, претставничка на државата Калифорнија.

Предложениот правен фонд доаѓа во време кога Калифорнија се соочува со растечки буџетски дефицит, како и со страв од влошување на државната економија во времето на Трамп.

Сепак, со нејзиното демократско мнозинство, одбраната на прогресивните вредности на државата се очекува да има широка поддршка.

Но, Џејмс Галагер, лидер на републиканското малцинство во Собранието, вели дека подготовката за борба против федералната влада е погрешен пристап.

„Испратив писмо до претседателот Трамп и му реков: „Има многу жители во Калифорнија тука, но и избрани функционери кои сакаат да работат со вас, а особено во областите на превенција од шумски пожари, вода, домување и трошоци за енергија“, посочува Галагер.

Надвор од главниот град, демонстрантите протестираат, привлекувајќи внимание на заканата од предложените масовни депортации на Трамп. Калифорнија, која има околу 1,8 милиони неовластени имигранти, е таканаречена „држава засолниште“ и во минатото одбиваше да помогне на федералните напори за депортација.

Членот на републиканското собрание Бил Есајли вели дека ова мора да заврши.

„Безбедноста на границите, имиграциската политика, тоа не е државно прашање. Не можеме да имаме 50 држави да имаат посебни имиграциски политики во САД. Мораме да имаме една политика“, смета Есајли.

Моќта што им е дадена на државите да се спротивстават на федералното пречекорување се користи уште од изготвувањето на Уставот на САД и има за цел да ги заштити граѓаните, вели Дејвид Карило, од Беркли Универзитетот во Калифорнија.

„До одреден степен, конфликтот меѓу државите и федералната влада е карактеристика, а не проблем. Се очекува и тоа не мора да биде нешто што треба да се избегне, тоа е очекувано. Понекогаш федералната влада може да биде ваш пријател, меч или ваш штит, но понекогаш може да биде таа што ве брани од федералната влада, и двата од тие услови биле исправни во различни моменти низ американската историја“, додава Карило.

Законодавниот дом прво ќе расправа, а потоа и ќе гласа за вонредните мерки пред Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG