Линкови за пристапност

САД го зацврстуваат военото сојузништво со Филипините


САД го зацврстуваат военото сојузништво со Филипините
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин оваа ги посети Филипините, каде што се состана со нивниот претседател и неговиот одбранбен колега за да го нагласи проширувањето и модернизацијата на сојузништвото на двете земји. Известува Карла Баб

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин беше на поставување на темелите на идниот воен координативен центар во Филипините за двата сојузници.

Остин рече дека посветеноста на Америка кон Филипините е „железна“ и дека сојузништвото ги надминува промените во претседателските администрации на САД.

„Ова е важна земја, не само за мене, туку и за луѓето од двете партии во Соединетите Држави“, истакна Остин.

Остин и неговиот филипински колега потпишаа нов воен договор кој им овозможува на двете земји безбедно да споделуваат доверливи воени информации.

Двете земји остануваат посветени на Договорот за заемна одбрана потпишан во 1950-тите, во кој и двете се согласуваат на заеднички одговор ако некој од нив е нападнат.

„Договорот за меѓусебна одбрана се однесува на вооружени напади врз нашите вооружени сили, авиони или бродови, вклучително и нашата крајбрежна стража каде било во Јужното Кинеско Море“, додаде Остин.

Јасна порака до Кина, чија крајбрежна стража употреби водени топови против филипинските бродови и се судри со брод на филипинската крајбрежна стража со американски новинари.

Кина го оспори последното обвинение, обвинувајќи го филипинскиот брод за судирот.

„Кина е вистинска и сериозна закана за Филипините, а Филипините знаат дека САД се вистински економски и безбедносен партнер“, вели Марк Монтгомери од Фондацијата за одбрана на демократиите.

Некои ја сметаат засилената американско-филипинска соработка како директен контра потег на кинеските поморски маневри со кои филипинските бродови не дозволуваат пристап до ексклузивните економски зони на Филипините.

„Псевдо воени бродови маскирани како бродови на крајбрежната стража и бродови на поморската милиција во областите во Западното Филипинско Море. Тие беа многу агресивни во нивните информативни операции против Филипините“, укажува Гилберот Теодоро, секретар за национална одбрана на Филипините.

Кина одговори на зголемената соработка меѓу САД и Филипини, велејќи дека ниту еден воен договор не треба да биде насочена кон трета страна, или да ги влоши регионалните тензии.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG