Линкови за пристапност

Демократите во САД анализираат: Која беше причината за губењето на изборите?


Демократите во САД анализираат: Која беше причината за губењето на изборите?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Откако изгубија од поранешниот претседател Доналд Трамп, демократите анализираат што се случило. Аналитичарите велат дека економијата одиграла најголема улога во загубите на партијата и поразот на потпретседателката Камала Харис, но придонеле и други фактори. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.

Додека демократите се помируваат со загубите на претседателските избори, тие исто така бараат одговори за да го објаснат нивниот пораз.

Белата куќа ја отфрли идејата дека обидот на претседателот Џо Бајден за реизбор и неговата колебливост да се повлече од претседателската трка порано, ги нарушиле шансите за победа на потпретседателката Камала Харис.

„Кога ја донесе таа одлука да ја префли одговорноста на потпретседателката, тој веруваше дека тоа беше вистинската одлука да се донесе во тоа време“, истакна Карин Жан-Пјер, портпаролка на Белата куќа.

Неспособноста на Харис да се огради од економската политика на Бајден најмногу ѝ наштети на нејзината претседателска кандидатура, велат аналитичарите.

„Популарната перцепција беше дека тој не бил добар за економијата, што, како што реков, најмногу произлезе од големата инфлација во неговите први две години на власт. И мислам дека тие беа многу тешки пречки за Харис да ги надмине“, вели Дејвид Гринберг професор од универзитетот Рутџерс.

За време на кампањата, големо внимание беше посветено на правото за абортус, но жените не гласаа за Харис за тоа прашање во бројка на која се надеваа демократите.

„Имаше многу држави кои имаа референдуми на гласачкото ливче за репродуктивните права. Така луѓето можеа да гласаат за тоа и во исто време да гласаат за Трамп“, вели Џули Рогински, демократски стратег и додава дека освен проценката на неуспесите на овој изборен циклус, Демократската партија треба да го реши она што таа го нарекува долгогодишен структурен проблем.

„Имаме заслуги со кои треба да се гордееме, а сепак не знаеме како да го пренесеме тоа. Ние не изгледаме автентични“, вели Рогински.

Новата ситуација може да донесе повеќе енергија, вели Џон Лапи, вонреден професор по политички науки.

„Ним им треба ново раководство кое е помладо и поусогласено со условите сега и дефинитивно повеќе во склад со работничката класа“, истакнува Лапи.

Бидејќи републиканците имаат само тенко мнозинство во Конгресот, Лапи очекува демократите да можат да се спротивстават на политиките со кои не се согласуваат, додека ја чекаат нивната следна шанса на конгресните избори во 2026 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG