„Ставовите се доближени“, рече премиерот Мицкоски по средбата со банкарите во министерството за финансии. Колку ќе изнесува каматата ќе се преговара и понатаму, а конечен договор како што кажа премиерот, ќе се постигне во текот на идната недела. Доближување на ставовите по ова прашање имало на денешната средба но премиерот Мицкоски не прецизираше што точно значи тоа.Банките ги усогласија роковите кои бизнисот ќе ги има за исплата со оние од унгарскиот кредит од нив. Владата и банкарите денес се договорија рокот за отплата на кредитот да биде до 15 години со грејс период до три години и да може да се исплати и побрзо доколку фирмата која го подигнала може да го стори тоа. Ова прашање беше една од пречките бидејќи во праксата на банките е овој рок да изнесува од 7 до 10 годни.
Владата и банките без договор за каматата од унгарскиот кредит
Епизоди
-
ноември 16, 2024
Протерани руски граѓани планираат протест во Берлин против Путин
-
ноември 15, 2024
Дебата за Судскиот совет
-
ноември 15, 2024
Американски пар на супер маратон низ Украина
Facebook Forum