Ова беше сцената во Детроит, Мичиген, на денот на изборите 2020 година. Поддржувачите на Доналд Трамп, поттикнати од неговите неосновани тврдења за изборна измама, вршеа притисок врз функционерите да престанат да ги бројат гласовите. Многу поддржувачи на Трамп во Мичиген се загрижени за измами на претстојните избори.
„Во моментов, нашата влада, ќе доведете во прашање сè во врска со тоа. Мислам, би сакал да можам да кажам поинаку, но Америка не се чувствува така. Ние не веруваме никому“, вели Марвин Минтон, поддржувач на Трамп.
„Еден случај. Еден случај е доволен за да се доведе во прашање целиот систем“, категорична е Анџелика Кендоу, поддржувачка на Трамп.
Наводите дека изборите во 2020 година биле наместени, постојано се отфрлаат пред судовите во САД.
Но, дезинформациите околу изборниот интегритет добија на сила меѓу републиканците. Анкетите покажуваат дека тие имаат поголема веројатност да му веруваат на Трамп за изборните резултати потврдени од владата.
Официјални лица во одлучувачките сојузни држави работат на тоа да ги уверат гласачите дека изборниот процес е безбеден. Тие велат дека дезинформациите можат да бидат опасни.
„Тие во некои случаи можат да доведат до тоа луѓе да им се закануваат на изборните службеници или уште полошо. Но, дури и ако тоа не резултира со каков било вид физичко насилство, тоа ја поткопува долгорочната доверба во изборниот систем, што е лошо за нашата република и лошо за нашата демократија“, вели Џонатан Братер од Избиралкото биро во Мичиген.
Во многу сојузни држави, републиканците ги поддржуваат напорите да се уверат гласачите дека изборите се безбедни. Вклучувајќи го и Џастин Робак, републикански изборен претставник во округот Отава, Мичиген. Тој вели дека тоа е тешка задача.
„Нашите политички лидери на секое ниво треба исто така да бараат факти и да бараат податоци. И мислам дека додека тоа не се случи, ќе имаме проблем во однос на нашата доверба и доверба во процесот“, вели Робак.
Во Мичиген, лојалните поддржувачи на Трамп веќе ја тужеа државната секретарка Џоселин Бенсон, демократка, поради упатствата за обработка на гласачките ливчиња испратени по пошта и списокот за регистрација на избирачите.
„Ако Џоселин Бенсон не одговори на она што се бара според законот, ќе ја однесеме на суд за да ги натераме судовите да ја принудат да го стори тоа“, вели Пит Хокстра, претставник на републиканците.
Бенсон го отфрли ова како стратегија на републиканската кампања.
„Генерално, ние гледаме тужби како наводна правна стратегија, иако тие се реклама за да се рашират дезинформации или да се покрене сомнеж за нашите избори“, укажува Бенсон.
Републиканците и демократите покренаа судски спорови поврзани со изборите во различни одлучувачки сојузни држави што може да значи хаос на изборите во ноември.
„Секој вид правен предизвик што се случува близу до изборите е обично адвокатите да ги означат местата во случај да не победат во држава или да немаат исход што им се допаѓа што им дава можност да ги оспорат изборите потоа“, укажува Ким Вајман од Надпартискиот политички центар.
Постојат и други потенцијални нарушувања, вклучувајќи ги и напорите од окружни службеници кои го поддржуваат Трамп да ја одложи сертификацијата на изборите.
Facebook Forum