Линкови за пристапност

Што после одвојувањето на Албанија од Северна Македонија на патот кон ЕУ?


Што после одвојувањето на Албанија од Северна Македонија на патот кон ЕУ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Можно ли е земјите членки на ЕУ да прифатат нова преговарачка рамка, дали Бугарија ќе го смени својот став, како оставањето на Северна Македонија во „чекалницата“ на ЕУ ќе се одрази врз земјата и врз процесот за преговори. Разговараме со домашни аналитичари. Автор: Мики Трајковски

Одвојувањето на Албанија и Северна Македонија на нивниот пат кон Европската Унија е очекуван чин, вели Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европски политики. Како сето ова ќе се одрази во иднина, тоа вели таа ќе зависи од тоа како земјата ќе го продолжи патот понатаму.

„Ако ние дозволиме повторно да се заглавиме во прашања, како другите ќе влијаат на нас, а не ја гледаме другата слика и не гледаме долгорочно, тогаш ќе влијае лошо. Ако тоа биде предмет на меѓупартиски, меѓуетнички препукувања, тогаш ќе биде лошо. Работата треба да се насочи што повеќе кон еден подолгорочен пристап и реална дебата“, вели Ристевска Јорданова.

Марко Трошаноски од Институтот за демократија вели дека за Албанија и процесот на проширување ова е добар знак, но проблемот во кој заглави Северна Македонија, поради непринципиелноста на истиот тој процес, го намалува и така влошениот кредибилитет на процесот на проширување во земјата.

„Албанската заедница ќе биде во нелагодност доколку ова одвојување продолжи и понатаму, а напредокот на Албанија биде многу поголем. Но се разбира дека матичната земја, Македонија, е таа од која одговорноста за иднината ја споделуваме заедно и грижите на македонските сограѓани треба да бидат земени во предвид и секако заедно во градење на консензус ја унапредиме земјата и нејзините европски перспективи“, вели Трошаноски.

Смета дека сценариото во кое земјата треба да се движи понатаму не е воопшто едноставно. Вели дека Владата мора да продолжи да инсистира процесот на проширување да биде што попредвидлив, а промената на преговарачката рамка на која инсистираше ВМРО ДПМНЕ е исклучително тешка работа.

„Меѓутоа други модалитети кои не бараат мобилизирање на сите земји членки на ЕУ, со чиј што глас би требало да се промени рамката, а тие модалитети се различни и се креативни решенија, околу важењето на уставните измени за Бугарите, или имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права се добра насока во која државата мора да се движи, односно да бара отстапки од Бугарија, преку ЕУ, бидејќи тука се работи за формално правни аспекти, за судски пресуди и многу е потешко Бугарија да ги одбие истите“, додава Трошаноски.

Гледајќи на долгорочен план, државата треба да ги штити своите национални интереси, вели Јорданова. Внесувањето на Бугарите во Уставот не е главниот проблем, напротив вели има многу други работи, кои се ставаат во заден план.

„Како што се решенијата од протоколите, кои можат да бидат уште по проблематични од уставните измени. Проблемот е што токму во тој Француски предлог, односно во гаранциите кои Бугарите ги внесоа во процесот на пристапување на Македонија, практично се состојат низа на услови, кои се поврзани со идентитетот и немаат ништо со усвојувањето на придобивките, туку се во голема мера и спротивни на нив“, вели Ристевска Јорданова.

Јорданова вели предлогот за уставни измени со одложено дејство е предлог всушност на невладиниот сектор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG