Линкови за пристапност

Една година од упадот на Хамас во Израел: Регионот сè уште татне од борби


Една година од упадот на Хамас во Израел: Регионот сè уште татне од борби
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Една година од крвавиот упад на Хамас во Израел. Многу европски земји ги зајакнуваат своите повици до Израел да го прекине нападот врз целите на Хамас во Газа во услови на зголемен ужас од билансот на цивилни жртви. Хенри Риџвел известува од Лондон.

Нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој загинаа 1.200 луѓе, предизвика бес од европските сојузници на земјата - и излив на поддршка.

„Сега не е време за двосмисленост, и јас сум недвосмислен. Хамас и луѓето кои го поддржуваат Хамас се целосно одговорни за овој ужасен чин на терор“, вели Риши Сунка, премиер на Британија.

Израел одговори со бранови воздушни напади врз цели на Хамас и копнена инвазија на Газа. На крајот на 2023 година, Министерството за здравство на Хамас соопшти дека биле убиени речиси 22 илјади Палестинци. Порасна загриженоста поради бројот на загинати цивили.

„На западните влади им беше многу тешко да се повлечат од првичната недвосмислена поддршка што му ја дадоа на Израел“, смета Адреас Криг, од Кралскиот колеџ од Лондон.

Постоеше глобална загриженост поради недостигот на помош која стигнува до Газа. Јужна Африка отвори тековен случај за геноцид против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг - поддржан, меѓу другите, од Шпанија, Ирска и Белгија. Израел инсистира дека постапува според меѓународното право.

Преговорите за обезбедување примирје досега пропаднаа.

„Европејците ја немаат моќта што САД ја има всушност да направат нешто во врска со тоа, освен, очигледно, потенцијална дипломатска изјава или обид да спонзорираат дипломатски напори. Но, ако немаше принуда врз владата на Нетанјаху, ништо немаше да се промени“, додава Криг.

Во јули, Британија се откажа од планот за оспорување на налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за воени злосторства. Во септември, Британија објави дека суспендира дел од продажбата на оружје на Израел.

„Британија презема повеќе чекори за да го искаже своето неодобрување на аспектите на она што го прави Израел. Но, слушнав многу - бев таму пред само неколку дена - за луѓе кои велат: „Ако е натпревар помеѓу безбедноста и меѓународната поддршка, ние ќе ја одбереме безбедноста во секое време. Нема натпревар“, вели Бронвен Медокс, директорка на Чатам Хаус.

Германија е втор најголем снабдувач на оружје на Израел по Соединетите Држави - но и таа суспендираше извоз.

„Затоа што не сака да биде вовлечена во потенцијална правна постапка“, посочува Криг.

Откако се соочи со ракетни напади од милитантите на Хезболах, поддржани од Иран во Либан и бунтовниците Хути во Јемен, Израел ги прошири своите воени операции во последните денови.

Европските нации му понудија на Израел недвосмислена поддршка во пресрет на 7 октомври. По една година брутален, ескалирачки конфликт - повеќето бараат прекин на борбите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG