Заборавете на четките за сликање. Ендрју Малон прави уметност со неговата моторна пила, трансформирајќи ги старите трупци од дрвја во ремек-дела. Тој има создадено над 150 дрвени скулптури, од кои повеќето се во паркови и приватните дворови на неговите соседи во северна Вирџинија.
Малон вели дека неговата цел е да ги оживее местата и да додаде малку магија.
„Секогаш кога ќе завршам проект, веднаш се забележува какво влијание има врз соседството или локалната заедница. Сите се радосни“, вели Малон.
Џени Рајмерс вели дека Малон ѝ помага да го трансформира својот двор.
„Поради овие жици, електричната компанија ја исече едната страна од ова дрво... Потоа, побараа да го исечам целото дрво!“. Реков НЕ, го сликав и му го испратив на Ендрју, а тој рече: јас ќе го средам!“, посочува Рајмерс.
„Ова дрво на кое работам денес ќе биде пет или шест различни уметнички форми...“, вели Малон.
Тој додава дека навистина почнал да се занимава со уметност со дрво во 2012-та. Тогаш, работел како столар и во слободното време почнал да резба мали фигурини од стари моливи. Подоцна, Малон ја купил својата прва моторна пила.
„Резбата со моторна пила е нешто како операција на мозокот. Мора да бидете навистина внимателни со сè што правите, мора навистина да ја контролирате оваа голема машина“, посочува Малон.
Денес работи со 10 различни моторни пили, машини за брусење, секачи. Малон вели дека 90% од работата ја врши со моторна пила. Го измазнува трупецот, па потоа следи подетална работа. Завршува со факел за да се исуши дрвото, а потоа става заштитна обвивка на врвот.
Во 2016 година, Малон основаше компанија наречена AM Sculptures, а неговата страст стана бизнис. Секоја скулптура што ја прави чини помеѓу 3000 и 5000 долари.
Неговиот талент го однесе низ светот, и тој се натпреваруваше на бројни натпревари и на ТВ-шоуто на каналот Дискавери наречено A Cut Above, каде 12 уметници се натпреваруваат, со моторни пили и креативност.
„Светот на резба со моторна пила навистина ми отвори многу врати“, раскажува Малон о додава дека го работи она што го сака и се наметна како важен дел од локалната заедница.
„Направив навистина голем замок пред неколку години на еден агол од нечија куќа. А децата доаѓаат секој ден, и си играат“, вели Малон.
Малон сонува да создаде градина со скулптури каде посетителите ќе можат да им се восхитуваат на неговите дела - собрани на едно место.
Facebook Forum