Линкови за пристапност

Прва посета на Мицкоски во Брисел


Прва посета на Мицкоски во Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:14 0:00

Христијан Мицкоски беше првиот од лидерите на „западнобалканската шесторка“ кој се поздрави со новостарата шефица на Европската комисија која денеска во Брисел го собра политичкиот врв на регионот. Какви се рекциите од Брисел? Владимир Мирчески со детали.

Христијан Мицкоски беше првиот од лидерите на „западнобалканската шесторка“ кој се поздрави со новостарата шефица на Европската комисија која денеска во Брисел го собра политичкиот врв на регионот за да разговараат за планот за раст – алатката со која ЕУ планира да ги доближи земјите од Западен Балкан поблиску до Унијата преку силна економска помош и соработка.

Ова е прва посета на премиерот на Северна Македонија по преземањето на функцијата летово. Мицкоски, освен заедничкиот состанок со фон дер Лајен, се сретна и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. На средбите, покрај планот за раст се разговарало и за потребата од забрзување на реформите кои треба да резултираат со владеење на правото, намалување на корупцијата, враќањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Реков дека овој процес треба да се темели на процес на кој ќе се оценуваат постигнувањата, а не врз база на билатерализација на пристапниот процес.

Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија, изјави дека -

„Нормално е дека на овие состаноци се зборува за европските перспективи на регионот и европските перспективи на Македонија. Реков дека овој процес треба да се темели на процес на кој ќе се оценуваат постигнувањата, а не врз база на билатерализација на пристапниот процес. Ние сега се бориме да почнеме преговори за зајакнување на институциите.“, изјави Хрстијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија.

Самиот Мицкоски пред заминувањето за Брисел најави дека на врвот на Унијата ќе и ги пренесе позициите на новата влада околу пристапниот процес на земјата кој сега фактички е блокиран зашто не е исполент условот за уставни измени. Она што новата влада го смета за излез е „да“ за уставни измени, но со одложено дејство.

„Ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми. За нас принципот – тие се таму, вие сте надвор, ако сакате да бидете таму, тоа треба да го прифатите, простете но ние такво нешто не можеме да прифатиме. Од друга страна ни велат дека има желба да бидеме во ЕУ, а мојот одговор е ако има желба има и начин. Ние остануваме посветени.“, изјави Хрстијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија

Токму кога Мицкоски е во посета на Брисел, прва како премиер, продолжува надолниот тренд во односите меѓу Скопје и Софија, забележлив откако новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ стапи на должност.

Изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски дека Софија, како домаќин, не била цивилизирана во пречекот на претседателката Горадан Сиљановска-Давкова без македонско знаме, предизвика реакција и од кабинетот на претседателот Румен Радев.

„Цивилизираноста на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува во насока дали ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе се спротивстави и ќе ги почитува меѓународните договори, со посветеност за имплементација на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ“, соопштија од кабинетот на Радев.

Лидерот на ГЕРБ, најголемата партија во Бугарија, Бојко Борисов бара извинување.

Јазикот што го користат има само едно оправдување – извинување. Оставка на тој министер

„Јазикот што го користат има само едно оправдување – извинување. Оставка на тој министер. И, ако не го направат тоа, ниту претседателот, ниту премиерот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се сретнат и да разговараат со нив.“, оцени Бојко Борисов, претседател на ГЕРБ.

Следеше одговор од Николовски - тврди дека политичарите во Бугарија непотребно ја внесуваат Македонија во нивното предизборие и дека неговите изјави намерно се вадат од контекст.

„Но, јас останувам позади се што сум кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава, а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата која ја претставува. Нема оправдување за Румен Радев затоа што не го стави македонското знаме при посетата на Гордана Сиљановска-Давкова како претседател на Македонија... Од мене бараат оставка политичари кои што се обвинети за криминал и корупција... Извинете господа, ама вие не сте достојни да побарате оставка од мене“, вели вицепремиерот Николовски.

Изјавата ја завршува со порака дека тој и неговата партија ќе продолжат да ги бранат македонските национални интереси и дека нивна главна цел е зачленување во ЕУ, нешто што засега изгледа многу далечно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG