Линкови за пристапност

Европската генерација „Z“, сè повеќе гласа за крајни десничарски партии


Европската генерација „Z“, сè повеќе гласа за крајни десничарски партии
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Поддршката за екстремната десница меѓу младите гласачи се чини дека расте во неколку европски земји - не само во Германија, каде што партијата АФД се надева дека ќе обезбеди нова победа на претстојните национални избори. Хенри Риџвел има повеќе од Лондон. .

Победата на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија или АфД на покраинските избори во Тирингија на почетокот на септември, беше делумно поттикната од зголемениот број на млади гласачи.

„Повеќе од една третина од младите луѓе, речиси 40% од оние меѓу 18 до 29 години, излегува и гласа за АФД“, смета Бен Ансел, професор на Универзитетот во Оксфорд.

Спротивно на тоа, само еден од пет гласачи постари од 70 години гласа за АфД. Партијата се надева дека ќе ја повтори својата победа на покраинските избори во Бранденбург на 22 септември, со помош на младите гласачи.

„(Други партии) веројатно очекуваа дека АФД е само партија за стари луѓе и дека младите не гласаат за неа. Тоа е погрешно“, изјави Ханс-Кристоф Берндт, претседател на АФД во Бранденбург.

Што ја поттикнува популарноста на крајната десница кај помладите? Се чини дека имиграцијата е фактор.

„Тоа е дел од државата што е посиромашна од другите делови, кој е помалку етнички разновиден и затоа реагира повеќе на новата различност, отколку Берлин или други делови од Германија. Некои луѓе тврдат дека постои загриженост за војната во Украина. Други луѓе тврдат дека тоа е одговор на ковид или одговор на кризата за домување“, додава Ансел.

Трендот кај младите гласачи не е ограничен само на Германија. На европските избори во јуни, екстремно десничарскиот Национален собир беше најпопуларна партија меѓу лица од 18 до 34 години, со 32 отсто од гласовите - многу повеќе отколку за постарите од 65 години.

28-годишниот претседател на Национален собир има 1,6 милиони следбеници на ТикТок - платформа за социјални медиуми популарна меѓу младите гласачи, забележува Ансел.

„ТикТок се кратки видеа кои имаат цел да шокираат. Вештина што ја имаат популистичките партии во правење видеа и пронаоѓање политички моменти кои се кратки, остри и шокантни - да ги возбудат луѓето за политика“, посочува професорот.

Студија на шпански сугерира дека една четвртина од шпанските мажи на возраст од 18 до 26 години - таканаречена генерација З - веруваат дека во некои околности, авторитаризмот може да биде подобар од демократијата.

Меѓу генерацијата на возраст од 59 и повеќе години - бројката е помала од 10 проценти. Бројката е помала кај жените гласачи.

„Можете да го видите овој огромен родов јаз меѓу помладите од 30 години што се појавува во сите земји“, вели Ансел.

Останува да се види дали таквите трендови меѓу младите гласачи ќе се повторат во САД на претседателските избори во ноември - иако неодамнешните анкети покажуваат дека Камала Харис ја зголеми поддршката кај помладите гласачи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG