Линкови за пристапност

Бугарското МНР во одбрана на својот амбасадор во Скопје


Бугарското МНР во одбрана на својот амбасадор во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Дипломатското искричење на релација Скопје - Софија не се смирува. Бугарското министерство за надворешни работи денеска се обидува да ја дообјасни целата ситуација која дополнително се влоши откако вчера амбасадорот Жељазко Радунов, одби да ја прими протестната нота во Северна Македонија.

Дипломатското искричење на релација Скопје - Софија не се смирува.

Бугарското министерство за надворешни работи денеска се обидува да ја дообјасни целата ситуација која дополнително се влоши откако вчера амбасадорот Жељазко Радунов, на состанокот во македонското МНР, одби да ја прими протестната нота иницирана од отсуството на македонското знаме при средбата меѓу претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска-Давкова во Софија.

„Посетата беше по повод културен настан - гостување на Националната опера и балет на Република Северна Македонија во Софија и нема карактер на државна, официјална или работна посета. Во такви случаи, протоколарната практика не предвидува интонирање на химните, поставување други државни знамиња, како и други протоколарни атрибути. Горенаведеното го изјави и амбасадорот Радуков во вчерашниот разговор со дипломатите од МНР на Република Северна Македонија“, е позицијата на бугарската дипломатија која ја пренесуваат тамошните медиуми.

Сличен е ставот и на домаќинот на петочната средба, претседателот Радев, кој во неистакнувањето на македонското знаме не гледа провокација.

„Нека е јасно, тоа не беше ниту официјална, ниту работна посета и се надевам дека во најскоро време претседателката на Северна Македонија ќе дојде во официјална посета при што според протокол следат сите државнички церемонии, што ќе придонесе за понатамошен развој на меѓусебните односи.“, изјави Радев, претседател на Бугарија.

Сепак, протестната нота која Жељазко Радуков одби да ја прими, ќе биде пратена до бугарското министерство за надворешни преку амбасадата на земјава во Софија, информираат од МНР кои ваквото однесување на бугарскиот амбасадор го карактеризираат за нов дипломатски гаф.

Јасно е дека актуелната состојба во релациите меѓу Скопје и Софија не му помага ЕУ-процесот чие продолжување зависи од уставните измени за кои новата влада турка да се донесат по принципот одложено дејство, нешто за што ќе треба да се согласат сите земји-членки на Унијата, вклучувајќи ја и Бугарија.

Во екот на дипломатската расправија со Бугарија министерот за надворешни работи Муцунски се сретна со американската амбасадорка Анџела Агелер. На состанокoт, кој доаѓа еден ден по повикувањето на Радуков за да му се врачи протестната нота, меѓудругото, се разговарало и за евроинтеграциите и важноста за забрзување на тој процес. Од МНР не прецизираат дали на средбата се отворило и прашањето на односите со Бугарија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG