Линкови за пристапност

Трамп и Харис со различни агенди за Украина


Трамп и Харис со различни агенди за Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Трамп и Харис со различни агенди за Украина. Украина ќе се соочи со различни изгледи под потенцијалното американско претседателство на Доналд Трамп или Камала Харис. Дописничката на Гласот на Америка од Белата куќа Анита Пауел известува од Вашингтон.

Главниот град на Украина добро знае како да се избори со каприците на моќните сили – а поради тоа, тамошните аналитичари имаат поделени мислења за можниот втор мандат на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Трамп рече дека брзо ќе ја заврши војната, иако неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс еднаш рече дека „не се грижи“ за Украина, оставајќи ги Украинците во недоумица.

Ова го прави потенцијалното претседателство на Камала Харис како џокер за оваа нација која толку добро ги познава Трамп и претседателот Џо Бајден.

Харис претходно се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но таа само накратко ја истакна Украина.

Аналитичарите велат дека Харис веројатно ќе ја следи полисата на Бајден „Поддршка за Украина“, а надворешнополитичките изјави на Трамп остануваат нејасни како и секогаш. Земете го ветувањето на Трамп дека ќе ја заврши војната за еден ден, велат аналитичарите.

Но, аналитичарот вели дека бојното поле се смени со неодамнешната одлука на украинските сили да нападнат преку границата и да освојат руска територија.

Иако аналитичарите прогнозираат дека Украина ниту ќе бара, ниту ќе успее да ја задржи окупираната земја, тоа е метод за пазарење што ќе му помогне на Киев да победи.

И додека двајцата кандидати се во трката за иден претседател на САД, она што би можело да се случи во Украина, можеби не зависи од американскиот претседател – која и да е... Харис или Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG