Линкови за пристапност

Надворешната политика би била предизвик за евентуалниот втор мандат на Трамп


Надворешната политика би била предизвик за евентуалниот втор мандат на Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00

Републиканци во Конгресот тесно се усогласуваат со претседателскиот кандидат Доналд Трамп за голем број клучни прашања за надворешната политика, вклучително и поддршката на САД за Израел. Но, разлики сè уште има. Известува Кетрин Гипсон. .

Поранешниот претседател Доналд Трамп се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатиот месец.

„Ниту еден претседател не го направи она што јас го направив за Израел и секогаш сме имале многу добри односи“, рече Трамп, кој претходно го критикуваше Нетанјаху за безбедносни неуспеси за кои тврди дека го овозможиле нападот на Хамас на 7 октомври.

Непредвидливоста беше белег на надворешната политика на Трамп додека беше на функцијата.

Еден аналитичар за Гласот на Америка изјави дека надворешнополитичката платформа на Републиканската партија од 2024 година го одразува тоа.

„Нема премногу специфики - тоа му дава предност да може да ја обликува политиката на начин на кој тој смета дека одговара во моментот, наместо да се заложи за политики на почетокот на мандатот“, вели Крис Татл од Советот за надворешни односи.

Колегите на Трамп, републиканците тврдат дека апликацијата за социјални медиуми ТикТок е контролирана од кинеската влада и може да се користи за пристап до информациите на корисниците и за влијание врз политичките убедувања.

„Не сакам кинеската комунистичка партија да добива лични податоци за нашите граѓани, ниту да има алгоритми кои би ширеле пропаганда во американската јавност“, вели републиканецот Мит Ромни.

Но, Трамп ја смени својата позиција за забрана на ТикТок оваа година.

„Ќе го спасиме ТикТок. Сакаат да го уништат ТикТок. Значи, сите луѓе на ТикТок, гласајте за Трамп“, порача Трамп. Тој исто така, го критикуваше НАТО, тврдејќи дека земјите-членки не го плаќаат својот дел за заедничката одбрана.

Неговиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс, беше уште покритичен кон испраќањето пари од САД за помош на Украина.

„Да не ја збуниме храброста на украинските војници на теренот со фактот дека тие го имаат најкорумпираното раководство и влада во Европа и можеби најкорумпираното раководство насекаде во светот“, рече Ди Венс.

Тоа е директно спротивно на лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел, кој тврди дека помошта за Украина е суштинска за одбрана на демократијата во Европа.

„Веќе не е сигурно дека Америка ќе одговори на агресијата со огромна сила или дури и дека 100% ќе ги поддржи нашите сојузници“, посочи сенаторот Мич Меконел, лидер на републиканците во Сенатот.

Аналитичарите велат дека повиците на Трамп да ги зголеми тарифите доколку биде избран за втор мандат може да предизвикаат најголем конфликт со републиканските законодавци.

„Тоа ја покажува трансформацијата на Републиканската партија од 2016 година, бидејќи републиканците историски биле слободни трговци“, истакна Гордон Греј од универзитетот „Џорџ Вашингтон“.

Трамп вети дека ќе воведе најмалку 60% царини за Кина и 10% за увоз од други земји доколку биде реизбран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG