Линкови за пристапност

Војната ја истроши квалитетната работна сила во Украина


Војната ја истроши квалитетната работна сила во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Повеќе од половина од украинските бизниси апелираат дека немаат доволно работна сила, се вели во истражување на украинското Министерство за економија. Работодавците потврдуваат дека ова е најголемата криза на пазарот на труд досега. Известува Лесија Бакалец. .

Метрото е најбрзиот јавен превоз во Киев. Возовите обично сообраќаат на секои 2 до 3 минути. Но, раководството на метрото вели дека морале да го зголемат времето помеѓу возовите.

„Имајќи го предвид недостигот од возачи бевме принудени да ги зголемиме временските интервали. Кога има најголем метеж, наутро и навечер, интервалот се зголемувал за 45 секунди, а во други периоди – до една минута“, вели Виктор Вихивски, директор на Метрото во Киев.

Вихивски вели дека има и значителен недостиг од квалификувани работници, како бравари и електричари.

„Генерално, вкупниот број на слободни работни места е околу 15%“, додава Вихивски.

Приватните бизниси исто така доживуваат недостиг. Огласите за вработување често може да се видат директно на вратите на продавниците и кафулињата.

„Сега гледаме најголем број слободни работни места од почетокот на целосната инвазија. Најмногу работници се потребни во услужниот сектор – бараат келнери, готвачи и курири. Исто така, специјалитети за рачна работа, производство и продажба“, посочува Лесиа Примакова, од интернет страницата за пребарување работа, Work.ua.

Според украинското Министерство за економија, 58 отсто од бизнисите велат дека главното прашање им е недостатигот персонал.

„Првата причина, се разбира, е мобилизацијата. Сега околу еден милион војници ја штитат нашата земја. Миграцијата е втора. Околу 6,5 милиони Украинци живеат надвор од земјата, а 4 милиони од нив се работоспособни луѓе“, посочува Тетјана Бережна, заменик министерка за економија.

Аналитичарите велат дека кризата не е привремена и тие ги советуваат работодавците да се прилагодат на новите барања на пазарот.

„Од една страна, оваа криза има негативно влијание. Од друга страна, има позитивен ефект: може да се вработат повеќе жени, повеќе лица со попреченост и постари возрасни лица“, додава Примакова.

Украинското министерство за социјална политика потврдува дека во Украина има неколку групи луѓе кои би можеле да ја подобрат состојбата на пазарот на трудот.

„Приближно еден милион лица со попреченост се потенцијални работници. Исто така, има и внатрешно раселени лица. Заклучно со февруари 2024 година, имавме 700.000 невработени. Третата група се луѓе на возраст за пензионирање. И, се разбира, има ветерани“, вели Дариа Марчак, Заменик министерка за социјална политика.

Експертите велат дека вработувањето на овие луѓе ќе бара големи програми за преквалификација, адаптација и инклузивност.

Предизвикот е тежок и за бизнисите и за владата. Според Министерството за економија, Украина во следните десет години ќе мора да привлече дополнителни 4,5 милиони вработени на пазарот на трудот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG