Запрашан, дали ќе продолжи безрезервната поддршка кон Киев со оглед дека Скопје сега има нова Влада, Мисајловски рече „апсолутно“.
„Како што најави претседателот на Владата Христијан Мицкоски, тоа мора да продолжи. Ние како Влада ќе направиме се што е во наша моќ, треба да ја помагаме Украина максимално, затоа што сме едно големо семејство. Но, истовремено треба да внимаваме да ја модернизираме и нашата армија. Нашата армија треба да биде на највисоко ниво. Јас ќе се обидам да обезбедам повеќе средства и да се вложува повеќе во одбраната со цел да имаме модерна армија“, изјави Мисајловски за Гласот на Америка на Самитот на НАТО во Вашингтон.
Facebook Forum