Линкови за пристапност

Ако колоквијално се користи терминот Македонија во јавни говори дома не значи прекршување на договорот, смета Муцунски.


Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на маргините на Самитот на НАТО во интервју за Гласот на Америка наведува дека е добро воспоставување механизам во односот со Бугарија, којшто ќе ни обезбеди предвидливост.

Муцунски за Гласот на Америка на македонски - Ние како политички субјект сме го кажале нашиот став за Преспанскиот договор. Од политичка гледна точка како претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, сме кажале дека тоа е срамен и недостоинствен акт. Но, истовремено свесни сме за уставно-правната и политичката реалност која доаѓа со тој договор. Секако, и за обврските коишто државата ги преземала од гледна точка на меѓународното јавно право. Не можеме туку така да ги урнеме тие обврски. Затоа рековме, да, тоа е недостоинствен договор, но договор за којшто имаме обврска да го почитуваме. Затоа ги преземаме сите потребни мерки да го почитуваме договорот. Тоа што премиерот вели колоквијално ќе се користи терминот Македонија во јавни говори дома не значи прекршување на договорот. Тоа е наше толкување на договорот. Тоа е јасно определено во членот 7, каде точно е објаснето како може двете страни да го користат и терминот Македонија, и терминот македонски, ѝ е објаснето дека тоа има различно значење и за двете страни. Од таа гледна точка признаваме дека имаме обврски, коишто имаме намера да ги почитуваме, и докажуваме на дело дека истите ги почитуваме, како дома така и надвор од државата, тоа е таа „ерга омнес“ употреба за која што говориме.

Затоа велиме, дајте да воспоставиме некој механизам во односот со Бугарија, којшто ќе ни обезбеди предвидливост. Затоа што дополнително, ново разочарување, со некој нов измислен билатерален проблем кој што не е поврзан со правото на ЕУ, не само што ќе предизвика ново разочарување, за граѓаните на нашата држава, туку ќе има понатамошни негативни импликации за процесот на проширување на ЕУ во нашиот регион. Односно, ќе се намали кредибилитетот на ЕУ. Велиме, со овој наш пристап се штитиме себе си, целта на секоја влада е да го штити националниот интерес, но сметаме дека на среден и некој долг рок го штитиме и интересот на ЕУ, односно го зачувуваме нејзиниот кредибилитет. Каде што има добра волја има е добар пат. Ќе го бараме патот, ќе дискутираме, ќе аргументираме, но на прв план се македонските национални интереси, наведува шефот на дипломатијата Муцунски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG