Линкови за пристапност

Нов лик за градината во историскиот дом на поранешниот претседател Вилсон 


Нов лик за градината во историскиот дом на поранешниот претседател Вилсон 
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Во Вашингтон, градината на историскиот дом на поранешниот претседател е повторно замислена за да се приспособи на променливата клима. Куќата на претседателот Вудро Вилсон беше дом на 28-миот претседател откако тој ја напушти Белата куќа во 1921 година. Известува Дора Меквар. .

Куќата во која претседателот Вудро Вилсон се пензионираше откако ја напушти Белата куќа во 1921 година, сега е музеј во населбата која е дом на многу амбасади.

Поголемиот дел од куќата е зачуван како што ја остави вдовицата на Вилсон, Едит.

Тие не се интересирале многу за нивната градина. Но, тоа стана значаен проект за Елизабет Карчер, извршна директорка на „Вилсон Хаус“. Таа замислила градина која користи помалку хемикалии.

„Чувствувам многу силно дека наша граѓанска одговорност е да се грижиме за нашата планета, да се грижиме за нашите посетители, да се грижиме за мојот тим. Сакам луѓето да можат да дојдат овде и да одат со боси нозе“, вели Карчер.

Карчер ја надгледуваше ревитализацијата на градината, која беше обрасната, оштетувајќи го структурниот интегритет на ѕидовите.

Градинарката од Вашингтон, Лесли Гецингер, член на Советодавниот совет на „Вилсон Хаус“, помогна да се изберат главно домашни растенија за новиот дизајн.

„Нашата идеја беше да ја трансформираме оваа многу формална градина во повеќе одржлива и автохтона градина, која има растенија кои се автохтони во средно-атлантскиот регион, кои бараат многу малку одржување, кои се добри за инсектите, за опрашувачите“, вели Лесли Гецингер, главна градинарка.

Седумдесет проценти од растенијата во градината сега се родени во областа. Домашните растенија се оние што растат природно во одреден регион. Останатите насади во градината „Вилсон Хаус“ не се автохтони.

Основните бои се белата, како и виолетовата, која беше омилена боја на Едит Вилсон.

„Значи, ѕидовите и структурата се сите исти, но растенијата што ги ставаме се всушност малку различни“, додава Карчер.

Користењето на домашни растенија бара помалку одржување, што е бонус за институциите како „Вилсон Хаус“, кои работат со ограничен буџет.

„Предностите на садењето претежно автохтони растенија се тоа што навистина бара многу помалку ресурси како вода, ѓубриво, какви било компоненти што ви се потребни за да го нахраните растението, бидејќи тоа се растенија кои се дизајнирани за оваа почва, за оваа клима, за количината на вода што ја добиваме“, вели градинарката Гецингер.

Карчер и Гецингер велат дека се надеваат оти повеќе јавни и општински простори ќе го прифатат ваквото бидејќи тоа е подобро за животната средина и, на крајот, е помалку скапо.

Следува план да се засади зеленчук на задната падина од градината, обновувајќи ја градината во која луѓето сами одгледувале зеленчук за време на светските војни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG