Линкови за пристапност

Американска ѕвезда од кулинарско шоу готви за украинското население


Американска ѕвезда од кулинарско шоу готви за украинското население
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

ТВ-лицето Рејчел Реј е готвачка, авторка и славна личност со седиште во САД. Но, Украинците ја знаат подобро благодарение на нејзината добротворна работа за помош на земјата разурната од војна. Известува Омелијан Ошчудљак.

Рејчел Реј има милиони следбеници на социјалните мрежи, неколку Еми награди, како и појавувања во врвни американски ТВ емисии и анимирани филмови. За време на пандемијата, нејзината куќа изгорела, а нејзиното куче починало. Кога отишла да побара куче во засолниште, дознала за Украина.

„Спасив уште едно животно, а госпоѓата која го тренираше моето куче беше сестра на господинот кој работеше со Андриј...“, раскажа Реј.

Андриј Фјутеј е претседател на Украинскиот конгресен комитет на Америка, организација која ја претставува украинската заедница во САД од 1940 година. Во летото 2022 година, тој за прв пат ја донесе Реј во Украина.

Таа се врати уште пет пати.

„Таа сама купи над 10.000 индивидуални комплети за прва помош кои отидоа во првите редови, кај нашите момчиња и девојчиња таму...“, вели Андриј Фјутеј од Украинскиот конгресен комитет на Америка.

Таа сега е амбасадор на Националниот центар за рехабилитација „Анброкен“ во Лавов. Таа се сеќава кога го запознала семејството Степаненко, кое настрада од руски ракетен напад на железничката станица Краматорск.

„Ме преплави од емоции, тоа мало девојче мe праша: „Дали ти се допаѓаат моите обетки?“ Таа немаше екстремитети! Седеше на кревет, а нејзината мајка имаше само една нога. Нејзината баба била разнесена пред неа, таа е мртва! А нејзиниот помал брат, седеше на кревет до неа, сите во една соба. Тие беа многу благодарни и среќни што се живи!“, раскажува Реј.

Оттогаш, Реј носи кулинарска опрема и медицински материјали во Украина, но и одржува работилници во сиропиталишта и болници при секоја нејзина посета.

„Проучив еден куп украински рецепти и направив свои измени. Секогаш правиме демонстрации и разговараме кога сме таму. На местото каде што е објектот градиме кујна која ќе служи 4.000 оброци три пати на ден“, додава Реј.

За време на нејзината последна посета на Украина, Реј беше придружувана од Ноа Симс, учесник во американското кулинарско шоу „Мастер Чиф“.

„Постојано им велам на луѓето: ако не можете сами да одите во Украина или не можете да и дадете многу пари на Украина, можете тоа да го направите бесплатно! – чувајте ги во умот, на усните и во срцето. Тоа треба да го прави секој во светот кој верува во демократија“, раскажува Реј и додава оти се надева дека ќе се врати во Украина оваа есен; ова ќе биде нејзина седма посета.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG