Линкови за пристапност

Уметници во САД се жалат: Платформите за вештачка интелигенција ни ги крадат делата


Уметници во САД се жалат: Платформите за вештачка интелигенција ни ги крадат делата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:26 0:00

Уметници и другите креатори велат дека нивните дела се искористени за изградба на индустријата за генерирање на вештачка интелигенција вредна повеќе милијарди долари без никаков надомест за нив. Известува Мет Дибл.

Уметницата Карла Ортис дизајнира ликови и сцени за филмската и ТВ индустријата.

„Еве дел од работите што ги направив за „Црниот Пантер““, вели Ортис.

Барана од клиентите поради нејзината вештина и карактеристичен стил, Ортис била шокирана кога открила дека главните генератори на слики со вештачка интелигенција биле обучени да ја користат нејзината уметност и сега ја симулираат.

„Навистина е екстремно. Особено затоа што оваа индустрија која се појави преку ноќ (вредна) милијарди долари сега се натпреварува на нашите сопствени пазари“, додава Ортис.

Многу генеративни системи за вештачка интелигенција се обучуваат со користење на текст и слики собрани од интернет без дозвола или знаење на носителите на авторските права.

Ортис е меѓу многуте креатори на содржини и носители на авторски права кои ја довеле оваа практика во прашање преку низа тужби против компании за вештачка интелигенција.

Компаниите за вештачка интелигенција тврдат дека земањето јавно достапни податоци од интернет е легално според доктрината за правична употреба на американскиот закон за авторски права.

Додека тие случаи се во тек, Конгресот размислува да бара од компаниите за вештачка интелигенција да го откријат изворот на секоја содржина што ја користеле, законодавството што се смета за прв чекор кон компензација на сопствениците на содржината.

„Слично на предлозите изнесени во ЕУ, мојот предлог-закон наложува транспарентност од компаниите со тоа што бара од нив да објават резиме на дела заштитени со авторски права што се користат за обука на системи за вештачка интелигенција, осигурувајќи дека креаторите се информирани и имаат алатки за да се залагаат за компензација таму каде што треба“, посочува Адам Шиф, демократски конгресмен.

Законодавството е популарно кај креативните индустриски групи и синдикати кои се залагаат за лиценцирање на содржина за обука за вештачка интелигенција.

Професорот по право на Стенфорд Марк Лемли, застапува две компании за вештачка интелигенција во тековните тужби.

Тој вели дека компензацијата е цел која е вредна, но економијата навистина не функционира.

„Земете ја како пример „Стабилити ЕјАј“ која јас ја претставувам. Тие се обочуваат на 2 милијарди слики во базата на податоци. Целата компанија вреди 2 милијарди долари. Дури и ако речете дека ќе земеме половина од парите од целата компанија и ќе кажеме дека ќе им дадеме признание на уметниците и ќе им дадеме надомест на луѓето чии слики биле користени, сите добиваат педесет центи“, вели Лемли.

Законодавството за обелоденување податоци е важно не само поради компензација, вели професорот Џејмс Гримелман.

„Мислам дека е добро за развојот на вештачката интелигенција да се биде повнимателен во врска со водење евиденција, знаејќи кои сетови на податоци се користат, од каде доаѓаат, кој ги проверува за точност и квалитет. Правилото за обелоденување може да помогне да се наметнат повисоки стандарди за квалитет низ индустријата“, укажува Гримелман.

Со бројните правни и етички прашања што се појавија со доаѓањето на вештачката интелигенција, кога и како да се обесштетат оние што ги поставија нејзините темели, е работа во прогрес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG