Путин и Ким го гледаат светот низ слична диоптрија, и покрај комплицираните односи во минатото.
Уште во 2017 година, Русија ги поддржа санкциите во ОН кон Северна Кореја. Меѓутоа, светот се промени.
Сега, Русија зависи од севернокорејското оружје во нејзината војна во Украина. И двајцата бараат сојузници како дел од нивната поголема борба против Западот - што сугерира дека соработката може да трае.
„Путин размислува долгорочно. Путин не прави само нешто ад хок. Тој не е тип за ад хок одлуки“, коментира аналитичарот Алексеј Муравиев.
Сателитската програма на Северна Кореја е веројатна област на меѓусебна соработка. Неодамнешните лансирања на Северна Кореја покажаа начини на помош од Москва. Се чини дека Путин бара повеќе начини да ѝ помогне на Северна Кореја.
Но, голем дел од таа соработка би ги прекршила санкциите од ОН.
Се работи за воздржаност. Русија никогаш не кажа дека ќе престане да ги почитува санкциите на ОН кон Северна Кореја“, заклучува експертот Лукин.
Но, рускиот професор Артјом Лукин вели дека има начини Русија да маневрира со таквите ограничувања.
„Само погледнете го однесувањето на Кина. Пекинг се придржува до резолуциите на ОН во однос на Северна Кореја. Мислам дека Русија може да го следи истиот модел“, додаде Лукин.
За Русија и Северна Кореја, тоа е дел од поблиското усогласување - и според Лукин, веројатно формално сојузништво со значителни влијанија за регионот.
Facebook Forum