Линкови за пристапност

Во вторник предлог за новата Влада во Северна Македонија


Во вторник предлог за новата Влада во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:59 0:00

Мандатарот Христијан Мицкоски денеска потврди дека финишираат внатрепартиските и меѓукоалициските преговори за кадровските решенија. Повеќе од Владимир Мирчески од Скопје.

Поддршката од дел од пратениците на коалицијата предводена од ДУИ за измените на законот за организација и работа на органите на државната управа, со кој се зголеми бројот на министертва од 16 на 20, според мандатарот не значи дека партијата на Ахмети си „купила“ место во владејаќкото мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Знам.

Мицкоски не отстапува од позицијата дека неговата партија, а со тоа и идната влада, ќе прифати деблокада на евроинтеграциите преку, како што го нарече, нечиј диктат, мислејќи на условот за вметнување на Бугарите во уставот. А што со пораките од стратешките партнери на земјава – САД и ЕУ за потребата од целосно почитување на Преспанскиот договор?

Засега предупредувањата од Атина дека неизговорањето на уставното име од страна на новата власт значи кршење на Преспанскиот договор, според шефот на дипломатијата во заминување, не се и во форма на официјални дипломатски ноти. Советот на Османи е – меѓународните договори да се исполнуваат во целост.

А таа реалност е дека уставното име на земјава под кое таа е примена во НАТО и под кое ги почна пристапните преговори е Република Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG