Беше потврдена воена асистенција која треба да помогне на украинската одбрана, истовремено најавени се дополнителни 1,9 милијарди евра финансиска помош, како и една и пол милијарда евра од замрзнати руски средства во странство.
Она што властите во Киев, на краток рок, го очекуваат од Западот е меѓудругото и помош за енергетската инфраструктура на Украина која по интензивирањето на руската офанзива на истокот од земјата е секојдневна мета на воздушни напади.
На конференцијата во Берлин, Северна Македонија ја претставува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која, за првпат од преземањето на функцијата во мај, присуствува на ваков меѓународен настан.
Taa се обрати на еден од панелите на настанот на кој, како што информираа од нејзиниот кабинет, рекла дека по Втората светска војна, Маршаловиот план бил израз на солидарност за разрушената Европа, а дека денес е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина на која и се потребни и инвестиции не само во патната и во енергетската, туку и во човечката, образовната, социјалната инфраструктура..
Facebook Forum