Линкови за пристапност

Што значи извршна наредба во САД?


Што значи извршна наредба во САД?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Што значи извршна наредба во САД? Американските граѓани избираат претседател и Конгрес кои ќе ја водат земјата. Но, претседателите имаат одредени алатки кои им овозможуваат сами да ги менуваат политиките. Она што неодамна привлече големо внимание е извршната наредба.

Моќта на пенкалото

Само со нивните потписи, американските претседатели издаваат извршни наредби - документи кои ги насочуваат активностите на сојузната влада.

Тие ја имаат силата на законот.

Има ограничувања во способноста на претседателот да издава наредби.

Во наредбата мора да се прецизира кој авторитет се користи за да се изработи устав или закон.

Извршните наредби може да се поништат.

Судовите можат да ги прогласат за неуставни.

Конгресот може да одбие да потроши пари за извршување на наредбата.

Конгресот може да донесе закон за да ги поништи.

Идните претседатели можат да ја поништат наредбата со издавање нова.

Сите претседатели освен еден, Вилијам Харисон, кој почина по еден месец на функцијата издале најмалку една извршна наредба.

Некои извршни наредби влегоа во историјата.

(Абрахам Линколн, 1863) Прокламацијата за еманципација

(Френклин Рузвелт, 1942) Интернација на Јапонско-Американци од Втората светска војна

(Хари Труман, 1948) Десегрегација на американската војска

Дали се големи или мали прашања, претседателите користат извршни наредби за да ги сменат приоритетите и да го променат начинот на кој федералната влада работи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG