Линкови за пристапност

Дали на ветераните им е подобро со Бајден или Трамп?


Дали на ветераните им е подобро со Бајден или Трамп?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

Под администрацијата на Бајден, американските ветераните добија повеќе од 5,7 милијарди долари во зголемена здравствена заштита. Но, поранешниот претседател Доналд Трамп тврди дека на ветераните им било подобро кога тој бил во Белата куќа. Вероника Балдерас Иглесијас, има повеќе.

Речиси 890.000 ветераните изложени на токсични материи за време на нивната служба веќе имаат корист од Актот ПАКТ, закон што претседателот Џо Бајден го потпиша во 2022 година за да ја прошири здравствената заштита и придобивките за погодените и нивните преживеани.

Бајден објави дека досега се одобрени еден милион барања со Законот ПАКТ.

Доналд Трамп, републиканскиот ривал на Бајден во претседателската трка во 2024 година, тврди дека ветераните имале подобри бенефиции кога тој беше претседател.

Трамп го изложи својот аргумент во видео објавено на онлајн видео платформата Рамбл уште во ноември.

Националното Здружение на социјални работници ги поздрави подобрувањата на благосостојбата на ветераните и во администрациите на Бајден и на Трамп. На пример, како зголемен пристапот на ветераните до поддршка и грижа не само преку Одделот за ветерани.

Но, предизвиците остануваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG