Линкови за пристапност

Самсунг ќе го прошири производството на чипови од Тексас


Самсунг ќе го прошири производството на чипови од Тексас
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:31 0:00

Администрацијата на Бајден минатиот месец објави директно финансирање од 6,4 милијарди долари за поддршка на новиот полупроводнички кластер на јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг“ во Тексас. Тоа значи големи промени за градот Тејлор. Деана Мичел ја има сторијата.

Тејлор изгледа како многу други мали градови во сојузната држава Тексас. Но, на периферијата, преку прометниот автопат покрај средното училиште, работат 10 000 луѓе во изградбата на Самсунг кој би произведувал полупроводници и би бил двојно поголем од тој во Пјонгтаек во Јужна Кореја.

Самсунг тука се проби од почетокот на 2022 година.

Потоа, администрацијата на Бајден објави дека проектот ќе го финансира со 6,4 милијарди долари. Самсунг, пак, се очекува да ја „зголеми“ својата почетна инвестиција од 17 на 40 милијарди долари во наредните години. Универзитетот на Тексас во Остин го отвора кампусот Тејлор на 68 хектари близу Самсунг и средното училиште Тејлор. Институтот за електроника на Универзитетот на Тексас ја гледа таа локација за заедничко истражување со партнери за полупроводници, како Самсунг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG