Линкови за пристапност

Никаде не е безбедно: Палестинските бегалци бараат помош


Никаде не е безбедно: Палестинските бегалци бараат помош
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

Стотици илјади луѓе го напуштија јужниот град на Газа, Рафа, а многу други се во движење додека борбите меѓу Израел и Хамас се интензивираат во близина на границата со Египет. Палестинските семејства велат дека немаат безбедно место каде да побегнат и немаат достапна помош. Известува Хедер Мардок.

Имтиаз Еисам Абу Еида и нејзините шест деца бегаат од војната во Газа веќе четири пати кога неодамна почнаа да паѓаат летоци, предупредувајќи ги жителите да се евакуираат од Рафа, што се сметаше за последниот „безбеден“ град.

Оттогаш, Абу Еида и стотици илјади други луѓе - повеќето од нив раселени неколку пати - побегнаа подлабоко во Газа додека војната во близина на египетската граница се интензивираше, а хуманитарната помош останува заглавена во камионите од другата страна.

„Никаде не е безбедно. Колку пати треба да бегаме за повторно да бидеме бездомници? Овде едвај можеме да најдеме вода. Мојот син мора да оди далеку за да налее и донесе вода. Што е со децата? Едвај имаме вода за пиење”, вели Еида.

Во овој пустински логор во близина на разурнатиот град Кан Јунис, семејствата велат дека практично нема основни средства, како лекови, храна, вода или доволно материјали за изградба на засолништа.

Уште поразорно, велат раселените семејства, е чувството дека се напуштени од светот, додека мировните преговори продолжуваат во услови на зголемено насилство.

„Најтешкото нешто за нас во оваа војна е меѓународниот молк и разочарувањето. Тоа ни влијае психолошки. Не очекував дека еден ден, во 21 век, ера на напредок, слобода, демократија и хуманост, ќе бидат убиени Палестинци без причина”, посочува Мухамед Мансур Ал-Заанун, раселен Палестинец.

Војната започна во октомври кога милитантите на Хамас упаднаа на границата во цивилните области во Израел, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа околу 250 заложници во најлошиот напад врз Израел од неговата независност. Оттогаш, Министерството за здравство на Газа соопшти дека повеќе од 35.000 луѓе се убиени во Газа, а повеќето од над два милиони жители се раселени.

Светската програма за храна соопшти дека за неколку дена ќе ги снема резервите на храна и гориво во Газа. Организацијата рече дека глад има во северниот дел на Газа, а остатокот од појасот е загрозен. Хуманитарните групи велат дека здравствениот систем во Газа пропаднал пред неколку месеци.

И како и другите родители, Абу Еида, која веќе изгуби повеќе од 150 членови од нејзиното пошироко семејство, вели дека нема начин да излезе од Газа, па нејзиниот единствен избор сега е да се обиде да ги преживее битките.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG