Линкови за пристапност

Бајден и Трамп во трка за гласовите од жените во САД


Бајден и Трамп во трка за гласовите од жените во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Жените гласачи се повеќе од половина од гласачкото тело во САД. Дописникот на Гласот на Америка, Скот Стернс, известува за тоа што прават претседателските кандидати Џо Бајден и Доналд Трамп за да ги добијат нивните гласови. .

Голем дел од фокусот на оваа претседателска кампања е фокусиран на жените и на законите за абортус и репродуктивните права.

Но, Американките се грижат за повеќе прашања освен за абортус, а кампањите опфаќаат пошироки теми, вклучително и економијата, здравствената заштита и криминалот.

Во Минесота, гласачот Ребека Џенсен вели дека претседателот Џо Бајден заслужува пофалба оти, како што вели, донел правилни одлуки.

„Мислам дека прашањата за животната средина се многу важни. Мислам дека економијата е важна и здравствената заштита. Јас сум медицинска сестра и сè уште често сум сведок на ковид на работа. И луѓето постојано велат дека сме после пандемија, но навистина не сме. Сè уште се соочуваме со тоа. Мислам дека тоа што има некој што верува во наука во Белата куќа е добра работа“, вели Ребека Џенсен од Минесота.

Во Невада, гласачот Џули Бенб сака втор мандат за Доналд Трамп.

„Тој беше добар за економијата. Немаше војна. Имаше хармонија. Имаше мир. Сите работевме. Цените на бензинот беа нормални. Мислам, тој беше неверојатен човек. Тој ја сака својата земја. Тој е добар човек, со добро семејство. Ќе го вратиме“, категорична е Џули Бенб од Невада.

Бајден ги таргетира жените гласачи со иницијатива на Белата куќа за истражување за здравјето на жените.

„Помислете на сите откритија што ги направивме во медицината насекаде, но жените не беа во фокусот. Требаше многу време за да почнат истражувањата“, рече Бајден.

Кампањата на Бајден објави реклама на социјалните мрежи за Денот на мајката во која ја напаѓа политиката на Трамп за одвојување на семејствата на имигрантите, велејќи им на гласачите цитирам „Направете услуга на мајките во вашиот живот. Запрете го Трамп“.

Трамп на состанокот на конзервативните христијанки рече дека ќе донесе мир во Европа.

„Пред да дојдам во Овалната канцелариј, кусо откако ќе ја освојам претседателската функција, ќе ја решам ужасната војна меѓу Русија и Украина“, рече Трамп.

Трамп, исто така, работи на тоа да им се допадне на жените гласачи со пораки за криминалот и имиграцијата.

„Мислам дека одлично работам во однос на домаќинките од предградијата затоа што сакаат да останат безбедни. Им го крадат накитот, чантите, електрониката, часовниците, сите пари. И луѓето се прашуваат што се случило. Ако не сакате нелегални криминалци да ви влегуваат низ прозорци и да ви крадат од фиоките, мора да гласате да го исфрлиме нечесниот Џо Бајден што е можно побрзо, штетата што тој може да ја направи“, посочи Трамп.

Центарот за американски жени и политика вели дека повеќе жени гласале отколку мажи на сите претседателски избори во САД од 1980 година.

Во изборната трка во 2020 година, податоците на истражувачкиот центар „Пју“ покажуваат дека Бајден освоил за 11 процентни поени повеќе гласовите на жени од Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG