Кога Доналд Трамп се кандидираше за претседател во 2016 година, вети дека ќе ја промени имиграцијата во САД за да ги спречи терористите од исламските земји.
„Ќе ги држиме радикалните исламски терористи надвор од нашата земја, 100 проценти. Немаме избор“, рече Трамп.
Откако ja презема функцијата, Трамп забрани патување во САД од седум мнозински муслимански земји, предизвикувајќи протести и правни последици, вклучително и од Американската унија за граѓански слободи.
„Ако има реални закани, тие закани треба да се истражат на индивидуална основа. Но, не треба да претпоставуваме дека која било група или религија е поопасна од друга група“, вели Ли Герент од Американски граѓански слободи.
Забраната за патување стаса и до Врховниот суд на САД, каде конзервативното мнозинство ја потврди…
… потег кој Трамп го прослави на социјалните мрежи... и во Белата куќа.
Џо Бајден водеше кампања против забраната за патување на Трамп во 2020 година.
„Не мора да прифатите претседател кој прогласува омраза и отфрлање на муслиманите и лажни забрани за патување за муслиманите“, рече Бајден.
Тој ја укина забрана, кога стана претседател.
Сега четири години подоцна, Трамп им рече на поддржувачите во Висконсин дека настаните на Блискиот Исток го убедуваат дека е време за нова забрана за патување.
„Не ни треба Џихад во Соединетите Американски Држави. Не ни треба нашите големи градови да станат жаришта на тероризмот. На првиот ден од претседателствувањето, ќе ја вратам забраната за патување од некои земји, ќе го суспендирам прифаќање на бегалци и ќе ги држам терористите надвор од нашата земја како што го имав политика претходно“, најавува Трамп.
Во оваа кампања, Бајден се залага за придонесот на имигрантите во САД, велејќи им на група донатори на кампањата дека други земји страдале зашто се ксенофобични.
„Имигрантите не прават посилни“, рече Бајден, затоа што, цитарам, „имаме прилив на работници кои сакаат да бидат тука и тие придонесуваат“.
Анкетата на Харвард и Харис во април покажува дека имиграцијата поврзана со инфлацијата е главно прашање за американските гласачи.
Facebook Forum