Линкови за пристапност

Американската војска почна да го гради пловечкото пристаниште кај Газа


Американската војска почна да го гради пловечкото пристаниште кај Газа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Како што израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе влезе во Рафа за да го ослободи појасот Газа од Хамас, американската војска почна да гради пристаниште покрај брегот со надеж дека ќе обезбеди поголема помош за цивилите зафатени во насилството. Известува Карла Баб.

Овие се првите фотографии од новото пристаниште што американската војска го гради крај брегот на Газа, мисија чија цел е да обезбеди до 150 камиони помош дневно во услови на страшен недостиг од храна, вода и лекови.

Но, не сите се согласуваат со планот. Некои законодавци во Конгресот се загрижени дека американските трупи кои го градат пристаништето се непотребно во опасност, и покрај уверувањето на претседателот Џо Бајден дека војници нема да влезат во Газа, како и на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Ако некој од копното во Газа пука во нашите војници кои се на пристаништето од 320 милиони долари што го градиме, дали вие ми велите дека нашите војници може да пукаат?“, праша републиканскиот конгресмен Мет Гејц.

„Тие имаат право да возвратат за да се заштитат себеси“, одговори Лојд Остин, секретарот за одбрана на САД.

„Изгледа дека вие некако велите дека војниците поврзани со силите кои пукаат во Газа, не се сметаат за војници на терен?“, реплицираше Гејц.

„Не“, одговори Остин и им рече на законодавците дека израелските сили ќе им помогнат на САД да го обезбедат пристаништето, што предизвика дополнителна загриженост.

„Мислам дека со оглед на разликите што мислам дека ги имаме со Израелците во однос на цивилните жртви, подобро е да разбереме каков ќе биде одговорот кога ќе пукаат во нас, бидејќи не мислам дека многу Американци чувствуваат оти ги одразува истите вредности што ги имаме овде“, смета Елиса Слоткин, демократска конгресменка.

Повеќе од 1.200 Израелци беа убиени во терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Израел оттогаш ја опколи Газа во обид да ја ослободи енклавата од милитантите на Хамас.

Остин истакна дека израелските сили треба да направат подобра работа за заштита на цивилите.

Кога беше генерал, тој го надгледуваше повлекувањето на САД од Ирак во 2011 година, по што забележа дека екстремизмот набрзо се прошири низ регионот и се појави групата Исламска држава, за да го тероризира локалното население и да ги загрози американските интереси.

„Една од лекциите што ја научивме е дека треба да бидете сигурни дека правите се` што можете за да ги заштитите цивилите, бидејќи ако не го направите тоа, тогаш ќе си создадете долгорочен проблем кога некои од тие цивили во иднина ќе се свртат против вас“, објасни секретарот Остин.

Палестинските власти соопштија дека повеќе од 34.000 Палестинци се убиени во израелската офанзива против милитантната група.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG