Линкови за пристапност

После изборите, Малдивите со можно вртење на курсот кон Кина


После изборите, Малдивите со можно вртење на курсот кон Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00

Претседателот на Малдивите Мохамед Муицу се очекува да ги зајакне врските со Кина по убедливата победа на неговата партија на неодамнешните парламентарни избори. Известува Ањана Пасрича од Њу Делхи.

Огромната победа на Народниот национален конгрес на претседателот на Малдивите, Мохамед Муицу, се смета за силно одобрување на неговата политика откако ја презеде функцијата пред шест месеци за остварување блиски врски со Кина и намалување на зависноста од соседна Индија.

Со контрола на три четвртини од местата во парламентот, вклучувајќи ги и сојузниците, таа политика би можела брзо да се следи, велат аналитичарите во Њу Делхи.

„Сигурно ќе има загриженост дека сега има еднопартиско владеење на Малдивите, ќе има политичка одлука на претседателот Муицу во корист на Кина и наклонетост против Индија”, вели Харш Пант од Фондацијата за истражување „Обсервер“.

По изборите, Пекинг рече дека е подготвен да ја зајакне соработката со Малдивите. Партијата на Муицу вети инфраструктурен бум со кинеско финансирање за станови, мостови и аеродроми, меѓу другите проекти.

Аналитичарите велат дека силната парламентарна победа му додели и на лидерот на Малдивите мандат да ги зајакне стратешките врски со Пекинг. Двете земји минатиот месец потпишаа договор за воена помош, за кој Кина рече дека не е насочена кон ниту една „трета страна“.

„Отстранувањето на Индија и доведувањето во Кина како одбранбен партнер е секако нешто што треба да се набљудува доколку тој тренд продолжи, зашто очекувањата отсекогаш биле балансирање на Индија и Кина. Сега се смета дека се оди во една насока”, додава аналитичарот Пант.

Ривалите Кина и Индија долго време се борат за влијание во стратешки лоцираната држава која се наоѓа покрај виталните бродски рути во Индискиот Океан.

Стратешките врски што Индија ги изгради за време на претходникот на Муицу беа погодени бидејќи новиот лидер на Малдивите вети дека ќе ја зајакне сопствената одбрана на земјата - последните од околу 90 индиски војници во архипелагот кои помогнаа во хуманитарната евакуација треба наскоро да ја напуштат земјата.

Аналитичарите велат дека оваа област најверојатно ќе види поголемо кинеско присуство. Истражувачки брод се закотви во водите на Малдивите во февруари, предизвикувајќи загриженост во Индија. Кина вели дека таквите истражувачки бродови кои исто така ја посетиле Шри Ланка во последните години спроведуваат научни студии. Индија стравува дека би можеле да соберат податоци од воена вредност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG