Најголемиот победник – ВМРО-ДПМНЕ, водена од одличниот резултат за кој очекува да се преслика и на парламентарните избори, веќе почна да ја исцртува можната коалиција.
„Се слушнав со албанската опозиција, со господинот Арбен Таравари, му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија“, изјави Мицкоски.
Но, резултатот на претседателскиот кандидат на опозицискиот блок на албанските партии Арбен Таравари е за 40 000 гласови помалку од оној на Бујар Османи кој, неговата коалиција „Европски фронт“ ја нарече „локомотива“ и ја смести пак во власта.
„Оваа победа само докажува дека Фронтот за Европа станува голема локомотива за европската иднина на земјата.“, оцени Бујар Османи.
Неговиот противник, коалиција „Вреди“ не смета така. Вели дека подобриот резултат на ДУИ се должи на валкани игри и валкани пари.
„Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија зашто со нивните криминални гласови добиени со криминални пари успеаја нашиот кандидат да не оди во вториот круг.“, изјави Билал Касами.
Речиси 84 000 гласови на контото на Максим Димитриевски го прават неговото движење ЗНАМ четврта политика сила во земјата и сериозен играч за и по парламентарните избори.
„Дефинитивно по завршувањето на парламентраните избори ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност на државата без кој нема да може да се формира идната влада.“, изјави Максим Димитриевски.
А што во пресрет на вториот круг претседателски, но и парламентарни избори, што ќе прави се уште владејачкиот СДСМ, кој вчера најмногу изгуби?
„Ова е само првиот круг од изборите. Вториот круг не очекува за две недели и ние чекаме многу подобри резултати.“ изјави Ковачевски, претседател на СДСМ.
Facebook Forum