Линкови за пристапност

Гласање во македонската амбасада во Вашиннгтон


Гласање во македонската амбасада во Вашиннгтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

На ова избирачко место пријавени се 34 гласачи, изјави Катерина Бојоска – Стојкоски, претседателка на ИО на Избирачко место бр. 5040 во Вашингтон. Македонските државјани во САД и во дијаспората по трет пат гласаат на претседателските избори.

Со право на глас на овие избори во Северна Македонија во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на 342 домашни, 517 странски и меѓународни набљудувачи, 51 преведувач и 32 странски новинари.

На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК - www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, X, Инстаграм како и каналот на Јутјуб, каде што ќе можат да најдат правовремени и точни информации поврзани со изборите.

Кампањата за претседателските избори започна на 4 април, а изборите се на утре на 24-ти април. Вториот круг од претседателските избори е на 8 мај, заедно со парламентарните.

Гласање за парламентарни избори во Северна Македонија нема да има во дијаспората бидејќи не е постигнат цензус од најмалку 5.355 пријавени граѓани со право на глас. За претседател се гласа.

За тоа се пријавиле околу 3.000 иселеници, а по проверката, прифатени се околу 2.600 апликации. Најголемиот дел се во Германија, Словенија, САД, Швајцарија, Канада, Австрија, Италија и Австралија.

Седум кандидати во седмите по ред претседателски избори утре во Северна Македонија и официјално излегуваат во трката на првиот круг за избор на шеф на државата.

Гласачите утре ќе одлучуваат кои двајца ќе влезат во вториот изборен круг кој треба да се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG