Потпис не ставија од партијата Демократи, од Работничката партија како и од ГРОМ на Стевчо Јакимовски, кој даде две причини зошто денеска не го потпиша Кодексот.
Но, и меѓу другите претставници кои се потпишаа на Кодексот има сомнежи за тоа дали претстојните избори ќе бидат фер и демократски.
Главните партии од власта и опозицијата – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се потпишаа на Кодексот – очекуваат конструктивна атмосфера и се обврзаа дека ќе водат фер кампања.
Државната изборна комисија ги повика сите учесници во изборите да покажат зрелост и да се воздржат од каков било говор на омраза во кампањата.
Кампањата за единаесетите парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 мај, почнува утре.
Facebook Forum