Линкови за пристапност

Американски граѓани не се откажуваат од борбата за Украина на фронтот 


Американски граѓани не се откажуваат од борбата за Украина на фронтот 
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

30-годишниот Американец и маринец од Калифорнија, Волфганг Хагарти, доброволно се приклучил на украинските вооружени сили во Донбас во летото во 2022 година. Ана Костутченко разговараше за неговото искуство.

Триесетгодишниот поранешен американски маринец Волфганг Хагарти ја објаснува својата одлука да се приклучи на вооружените сили на Украина во летото 2022 година.
Хагарти растел во Калифорнија и е од семејство од професионална војска веќе трета генерација.

Од 2012 година, бил припадник во американската армија пет години.

„Бев во пешадија; Не дека бев дел од нешто премногу ризично, но во Украина е опасно... На Блискиот Исток никој не е мета на постојан артилериски напад со часови“, објаснува Хагарти.

Хагарти учествувал во ослободувањето на регионите Харков и Миколаев во есента 2022 година како волонтер во вооружените сили на Украина.

Тој моментално се бори како дел од единицата за воздушно извидување во регионот на Донбас.

„Јас сум авантурист и додека работев со Кракен, недалеку од градот Балаклеа, ги видов нивните единици за беспилотни летала како имаат обука и си помислив: Ова е патот кон иднината, во војување“, вели Хагарти.

Пред шест месеци Волдганг загубил двајцата најдобри пријатели на бојното поле.

Во септември 2023 година, американскиот волонтер Џерико Магалон, загинал во регионот Донбас додека бил дел од украинскиот одред на регрути како воен инструктор. Магалон имаше 28 години.
Неколку дена претходно ѝ уште еден близок пријател на Хагарти, британскиот волонтер Семјуел Њу, загинал на 30 август 2023 година; Њу имал само 22 години.
Но, и покрај сето тоа, Хагарти вели дека не чувствува омраза кон непријателот.

„Јас сум христијански верник и без разлика дали сте религиозен или не, мислам дека таквите емоции би ги поттикнале работите како оваа војна да траат долго и би ги натерале луѓето да прават ужасни работи, еден на друг“, вели Хагарти.

По кратка пауза во Киев каде Гласот на Америка се сретна со Хагарти, тој се врати во регионот на Донбас за да продолжи да се бори за Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG